Во гроб сигурно се превртува Тодор Александров, а сосема сигурно и Гоце Делчев. Секако Чаулев и Протогеров. И плејада други ВМРОВЦИ кои со своите чети се бореа, и гинеа, за да ја спречат колонизацијата на Македонија и нејзино претворање во ЈУЖНА БАНОВИНА (план кој и денеска е активен).
Како никогаш до сега е изразено обезличувањето на идеологијата и историјата на ВМРО, а со тоа и на МАКЕДОНЦИТЕ.
Тоа што не му успеа на Бранко од 1991 година до оваа година, му успеа на Максо (Бранко) со Мицко (наше дете).
Ова ВМРО ДПМНЕ се почесто и се поактивно стануваат инструмент на Српскиот свет.
Затоа пред наши очи се прави замена на тези со конфликт и со Бугарија и со Албанија, затоа цело време се зборува (измислува) дестабилизација внатре, за да ни сервираат регистрација на ДПМНЕ во Србија како нормализација на ИСТОРИСКАТА АНТИТЕЗА или КОЛЕКТИВЕН (ПАРТИСКИ) СТОКХОЛМСКИ СИНДРОМ.
Провидно е сценариото.
А, вие непочитувани клиентелисти и партиски шрафови, полесно ли вие денеска кога си потпевнувате со рефрените на #Заветна?
{ПОДОЛУ ЕДЕН ОД ДОКУМЕНТИТЕ од моите скромни чачкања по архивите, кои на север се сеуште затворени за нас. Но за тоа во друга (не)прилика}
Првпат објавено на Facebook, 30.9.2024.