Јас го прифаќам предлогот на историчарот Нури Беџети плоштадот „Илирија“ да го носи името на Владо Черноземски.
Предлогот е неочекуван, но токму затоа е историски и политички значаен. Владо Черноземски не може да се разгледува одвоено од ВМРО на Тодор Александров и Ванчо Михајлов. А ако денешната владејачка ВМРО-ДПМНЕ го прифаќа историскиот континуитет со таа организација и со нејзините водачи, тогаш логично е веднаш да го поддржи и овој предлог.
Затоа јавно прашувам: зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи? Зошто предлогот веднаш не е прифатен?
Особено затоа што доаѓа од албански историчар и се однесува на плоштадот „Илирија“. Тоа му дава дополнителна симболика: можност историјата да не се користи само за поделби, туку и за отворање сериозен разговор за заедничкото и противречно минато на Балканот.
Историскиот континуитет не може да се прифаќа само тогаш кога носи политички поени. Или го прифаќате целосно — или признајте дека ви служи само како партиска декорација.
Првпат објавено на Facebook, 21.7.2026.