Политичкото милје во Македонија сега е јасно. Сите ги објавија своите позиции, и владата, и СДСМ, и делови од СДСМ. На критички поставениот читател и гледач му е јасно кој каде стои.
Сега треба деескалација. Ни во Македонија ни во Бугарија никогаш нема да престанат да постојат радикали што ќе влечат кон политичка штета. Но мудро политичко раководство може и мора да повлече потези за деескалација.
Испитно прашање
Треба да бараме модус вивенди и од ова да извлечеме корист за стратешките цели на Македонија. Членството во Европската унија е првата од нив. Албанија затвора поглавја и отвора нови, преговорите ѝ се пред крај. Соседите напредуваат. Ние имаме проблем ако заостанеме.
Ова е сериозен предизвик, испитно прашање што мора да го положиме како што треба. И мора да постојат сили во Бугарија подготвени за деескалација. Наша задача е да ги најдеме.
Едни исти луѓе
Секогаш кога ќе слушнам дека некое семејство потекнува од Егејска или од Пиринска Македонија, или од Вардарска, која Србите ја викаа Бановина, мислам дека тука има зародиш на блискост. Тоа се едни исти луѓе. Имаат роднини тука. Тоа треба да биде момент за деескалација.
Можеби некој ќе каже дека сум во идеалистичка позиција. Но некој мора и вака да размислува.
Текстот е изработен според видеото на мојот YouTube канал.