Слушаме дека Европската унија наскоро ќе го укине правото на вето и дека тоа ќе ни ги отвори вратите. Јас мислам дека тоа нема да се случи. Барем не во догледно време.
Укинувањето на ветото бара темелна, сериозна и коренита промена на договорите на Европската унија. Јас ја следам дебатата во Брисел и не гледам како тоа би се случило брзо.
Не го прават за нас
Треба да бидеме реални. Ако воопшто се оди кон ваква промена, тоа нема да биде поради Македонија. Веројатно не ни поради Црна Гора. Прашањето е геополитичко и одлуката ќе биде геополитичка. Прашањето е Украина и источниот блок.
Бугарија утре може да ја блокира и Украина. Тогаш ќе видиме дали ќе победи правото или економијата.
Кој плаќа
Унијата се финансира од даночните обврзници на Германија, Франција и неколку други држави. Тие плаќаат, Полска е најголемиот примател. Секое ново проширување значи делење на истите пари со уште еден член. Затоа секоја голема одлука во Брисел, вклучително и ветото, оди преку прашањето кој плаќа и кој добива.
Ние во меѓувреме не смееме да чекаме Брисел да ни ги реши проблемите со промена на правилата. Тоа е удобна илузија. Кога ветото ќе падне, ако воопшто падне, ние треба веќе да бидеме подготвени.
Текстот е изработен според видеото на мојот YouTube канал.