Нашата борба е оправдана. Таа е КАУЗА. Произлегува од вистинската ВМРОВСКА САМОЖРТВА низ три столетија. Кога беше избришана Македонија само една организација го држеше живо и отворено МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ, а тоа беше ВМРО. Сега пак е избришана МАКЕДОНИЈА…
За жал, денеска таа е организација ја знаат, почитуваат или делуваат низ нејзин агол, призма малкумина. Секако не партијата што го украде името за да се брендира и да ги имобилизира македонските партиотски сили во замена за фотеља. Членството тоа го увиде и затоа над 140.000 одбија да се ажурираат. Тие се сега зародиш на КОНТИНУИТЕТ со историското ВМРО. Тешко ќе биде. Многу тешко со ЛИБЕРАЛНА, КОРУМПИРАНА и КОНФОРМИРАНА ВРХУШКА да се излезе од криза. Таа допрва ќе се продлабочува. Патуваме кон апсурдот на СЕВЕРНА. И да, бидете спремни, не сме го преминале РУБИКОН кон ПАНДОРА. Тоа допрва ќе дојде… На прагот сме.
Првпат објавено на Facebook, 8.3.2019.