ФПФилип Петровски

Она што е битно да се знае за Македонија во политички и историски контекст е дека доста од документите, доста од историјата и доста од настаните се случуваат поради влијание од големите сили. Македонија во 19-ти век, како и поголем дел од Балканот, беше дел од Отоманската Империја, меѓутоа се насетуваше пропаѓање на империјата во целиот 19-ти век, затоа големите сили и Русија, во тоа време и Австро-Унгарија и Британија почнаа да прават планови како да се освои оваа територија и како да се формираат Балкански држави. Бугарија е ослободена од Русија како што знаете и оформена како држава. Во тоа време планот на Русија е да се направи една голема православна држава на Балканот. Тогаш е направена Санстефанска Бугарија која што вклучува поголем дел од Македонија и цела Бугарија во една држава, меѓутоа Австро-Унгарија и Британија сфаќаат дека е тоа православна држава која излегува на три мориња и поставуваат ултиматум до Русија да територијата Македонија, која што е денеска поделена на три држави, се врати назад во Турција (во Отоманското царство). Тоа се случува во 1878 година. Од тогаш планот на Русија за влијание на Балканот се менува. Наместо формирање на голема православна држава се размислува на поделба на Македонија на три држави. Значи од 1878 година до 1913 година тој план се спроведува кога после втората Балканска војна Македонија е поделена, и тоа на три држави: Бугарија, Србија, Грција и многу мал процент на Албанија.

Линк: https://www.youtube.com/watch?v=cNsK-pwDEnM&feature=share

Првпат објавено на Facebook, 28.5.2020.

Следи нè на GoogleДодај го filippetrovski.mk како омилен извор и моите текстови ќе ти се прикажуваат први во вестите на Google.