ФПФилип Петровски

Долго време ги истражувам картите на Балканот од крајот на 19 век и постојано чачкам по тие материјали. Во периодот околу 1876 до 1880 година австриски и германски географи и научници направија неколку верзии на мапи на Балканот. Тоа е првпат просторот да се мапира на таков начин.

Картата тогаш почнува да се користи како оружје во целата политичка инфраструктура. Таа е пред одлуката. Никој не проверува дали е точна. Се пуштаат свои извидници, тие го мапираат просторот, а потоа доаѓа конгресот и врз основа на тоа се влечат граници и се оправдуваат територии.

Берлин, 1878

На Берлинскиот конгрес е направена историска неправда. Голем дел од Румелија е вратен на Турција. Тоа е денешно Косово, денешна Македонија, Албанија, Егејска Македонија и Тракија, а Босна оди под заедничко управување. Пет или шест денешни држави. Со кое право седнале во Берлин и нè вратиле под Отоманската империја?

Логиката беше јасна. Овие територии се вратени за да не се искористи многубројното православно население и да се спречи излезот на руската империја на топлите мориња. Најголемиот страв на Британците отсекогаш бил Русија да добие пристаниште што не замрзнува и да стане поморска сила. Затоа во Кримската војна Британците застанаа на страната на Турците.

Историјата се повторува

Истото се направи и со Палестина и Израел, и со Индија и Пакистан. Големите сили сакаат атомизација на територијата, бидејќи така полесно управуваат, генерираат конфликти и ги контролираат. Подели па владеј.

Кај нас постојано се слуша: што ќе гледаме во историјата, дај да гледаме во иднината. Погледнете ги Кримската војна и Берлинскиот конгрес, па погледнете што се случува денес. Исто е. Историјата треба да се знае, затоа што некому очигледно му одговара да не се знае, за полесно да манипулира.

Текстот е изработен според видеото на мојот YouTube канал.

Следи нè на GoogleДодај го filippetrovski.mk како омилен извор и моите текстови ќе ти се прикажуваат први во вестите на Google.