Ќе кажам нешто што многумина нема да сакаат да го слушнат. Поголем џекпот од фертилната база на Украина Европската унија не добила во последните сто години. Тоа сум го кажал и порано и стојам зад тоа.
Од Украина побегнаа десетина милиони жени и деца, можеби и повеќе. Полските политичари велат дека во Полска има најмалку пет милиони бегалци. Во Германија уште повеќе.
Колку подолго, толку посигурно
Колку подолго трае војната, толку е поверојатно дека бегалците нема да се вратат. Ќе се прилагодат, ќе се асимилираат. Жените ќе родат деца, ќе пуштат корен, ќе се вработат. Децата ќе одат на школо. Ќе добијат полски и германски пасоши.
За Европа, која има сериозни проблеми со емиграцијата од Блискиот Исток, ова е спасоносен обид за баланс на бројките. Затоа војната не е нужно лоша за Европа. Европа плус се милитаризира, а индустријата полека се префрла од автомобили кон воена индустрија. Плаќаат европските даночни обврзници, но она што го добија вреди повеќе од парите што ги дадоа.
Билатералните спорови ќе се решат брзо
Полска и Унгарија имаат свои отворени прашања со Украина, од историјата до Бандера. Но тие ќе се решат како што се решија спорот меѓу Словенија и Хрватска, и како што ќе се реши спорот на Хрватска со Црна Гора. Брисел ќе ги седне на маса и ќе им каже: доста е, имаме побитни работи.
Кога големите сили ќе се договорат, и Украина брзо ќе ги направи потребните ревизии. Многу побрзо од нашите спорови, кои никој не брза да ги реши.
Текстот е изработен според видеото на мојот YouTube канал.