Малку денови имаат вакво значење во животот на еден човек како овој денешниот. Ве молам да не ми забележите за возбудата затоа што ми е тешко истата да ја совладам. Ме заплиснува чувството на средба со македонската историја ВО ВЕЧНОСТА и стремеж за слобода и сопствена држава КОЈ ГОРИ ОДСЕКОГАШ.
Стремеж скапо платен. Стремеж до сега сокриен. Ѕверства оправдани со скапа странска пропаганда. Се со цел да заборавиме. Да се срамиме од самите себе си. Да сметаме дека не сме достојни, дека сме мали, дека сме небитни. О па сепак не е така. Нашата историја познава, запаметила големи МАКЕДОНЦИ. Големи МАКЕДОНЧИШТА. МАЖИШТА. Не се плашеле главата да им биде скината. За МАКЕДОНИЈА.


Ова што се наоѓа пред вас е сведоштво за едно време, бурно време. Период во кој била супресирана било каква мисла која што излегувала надвор од „дозволеното“ мислење на номенклатурата на власт. Дали се работело за политичко несогласување на лево, или за тоа како се практикувала тогашната идеологија на КПЈ или, многу почесто за чиста македонска промисла, сеедно, сите биле на мета. И најголем дел од нив имале формирани досиеа од тајната југословенска/македонска полиција. Од тие досеа подоцна се ваделе материјали за прогон кој завршувал со политичка, а често и физичка ликвидација. Не било воопшто благопријатно да се биде неистомисленик.


Оваа табу тема, се отвори по демократизацијата на Македонија, односно по напуштањето на Југославија. Во деведесетите се погласно се говореше за злосторствата на УДБА кон македонската промисла. Но, поконкретна акција немаше. Сеуште беа јаки институционалните вклештувања насекаде кои што апаратусот во период од над 4 децении ги беше развил. Доволно е да се погледне Извештајот на Комисијата на Извршниот совет на Собранието на СРМ од 1966 година за испитување на состојбата во органите на државната безбедност во републиката за да се сфати големината на проблемот. Имено, во тоа време, самата власт утврдила потреба да ја исконтролира работата на државната безбедност. Како што самите навеле во овој круцијален документ, кој што е сведоштво за големината на злосторот кон сопствената нација, потребно било да се испита состојбата во организацијата (се мисли на денешно МВР), содржината и методите на делувањето на органите на Секретаријатот (МВР, заб. мој), посебно државната безбедност, во однос на задачите и целите на политиката… и да се утврди дали во делувањето на овие органи на републичката управа имало појави на политички и други злоупотреби и деформации.



За нас е особено значајна констатацијата дека државната безбедност е прикажана како орган кој работел како држава во држава. Комисијата сликовито оваа служба ја опишала како централизирана структура која се изолирала сама себе и стоела наспроти заедницата и општеството. За потоа да искористи уште посилни термини, како например, дека службата низ годините себе си се мистифицирала и си презела единствена улога да го штити системот, како и дека потоа самата почнала да делува надвор од определените надлежности и се служела со методи кои не биле дозволени ниту тогаш, за пресметка со неистомислениците. Се разбира тоа за тогашната комисија било „бирократска“ тенденција. Но, деталното анализирање на овој извештај ни дава увид за тоа колкав проблем за целото општество бил овој апарат, дури и за семоќниот ЦК на СКМ. Комисијата ќе констатира дека државната безбедност се претворила во механизам за политичка и идејна контрола над општеството, и дека истата постепено го проширувала доменот на својот убид и евиденција во поголемиот дел од општествениот живот до сферата на движењата во уметноста и науката.

….
Па сепак она што е далеку највчудовидувачки и неочекувано е констатацијата дека комисијата открила дека под различен вид евиденција во службата за државна безбедност во тој момент (1966) се наоѓаат 96.351 лица на кои им биле отворани лични досиеја. Додека само една година претходно, односно во 1965 во таква евиденција се наоѓале фрапантни 136.682 лица што претставува близу 10 проценти од целокупното тогашно население на Република Македонија. Со лични досиеа бил опфатен широк круг на луѓе од „редот на општествено-политички, јавни и култуни работници, посебно универзиртетските наставници“. Некои од нив имале досиеа постари и од 20 години во кои перманентно се водела евиденција за нивното однесување и ставови.
….
На мета била посебно интелигенцијата. Според извештајот Службата редовно за своите досиеја собирала материјали поврзани со мислењето на интелигенцијата, посебно во областа на културата и науката. Најбројните кршења на правата на граѓаните се вршени при прибирање на материјали, кога и е вршено слушање на телефоните, и е отворана поштата.


Но по победата на парламентарните избори во 1998 година од страна на ВМРО-ДПМНЕ работите се сменија. Тогаш за прв пат се создадоа услови за реална демократизација на општеството и расчистување во структурите кои работеа на ист начин од 1945 година навака. Конечно се создадоа услови за да се донесе Закон за постапување со досиеја за лица водени од државната безбедност. Тоа законско решение требаше да биде отворање на процесот на лустрација и расчистување со сите оние елементи кои со децении го кочеа секое слободоумно размислување, особено промакедонската промисла. Со тој закон се даде можност секој што смета дека има свое досие во МВР да побара увид и копија. Авторот на овие редови го стори истото. И бев вчудовиден кога добив одоговор дека се водело досие во периодот 1997 и 1998 година во време кога бев дел од големите Студентско-средношколки протести. Водено е се до влез како пратеник во Собранието на РМ, по што се брзало со негово затворање. Во оваа пригода не е најважно зошто е водено тоа досие, и во тоа нема да навлегувам. Далеку побитно е дека воопшто се водело досие. А не смеело да се води. Имено сите ние сметавме дека со тој закон всушност ќе отвориме процес на расчистување на неправдите нанесени кон македонците во периодот 1945-1990, како што направија најголем дел од поранешните држави кои беа дел од источниот блок. Никој од нас не беше свесен дека во Македонија и по 1990 се си било по старо, односно дека тајната полиција продолжила со својата активност. Таа активност била особено сконцентирана и насочена кон партијата ВМРО-ДПМНЕ. Кон таа партија се применувани секакви методи, од следење на нејзините првенци и активисти, формирање на досиеја на претседатели на Општински комитети, па се до детална опсервација, фотодокументирање на седиштето и прислушкување на телефоните.


Сосема случајно, во еден разговор со Зоран Тодоровски, откривме дека досието за следењето на ВМРО-ДПМНЕ не постои во евиденцијата на ДАРМ. Иако, како што веќе беше наведено, материјалите се предадени на трајно чување. Сосема нејасно ни беше како е можно еден толку важен материјал да не постои во евиденцијата, односно да не биде предаден во архивот. Тоа внесе додатна интрига на целиот процес. И започнавме да истражуваме каде може да биде истиот. По проверките кои Зоран ги изврши по службен пат, до Собранието на РМ, МВР и МО од сите добил повратен одговор дека тој материјал не постои во нивните евиденции или архиви. Бевме вчудовидени. Не е можно таков материјал напрасно да исчезне. Ако е така, тогаш кој го уништил?
….
По игра на случајност е откриено дека во ДАРМ недостасува целосно уште едно досие. Она на Ѓорѓи Доцев. Тој, исто така, за среќа ја искористил можноста во 2001 година да земе копија
Не е познато зошто истото не е предадено на чување во архивот.


Ѓорѓи Доцев бил мета на сериозно проучување на службата. Во мај 1970 таа донела предлог да се направи конспиративен претрес на неговото работно место. Конспиративен претрес значи дека целосно го провериле неговото биро до детал. По предлогот за претрес усвоен е план. По планот уследила реализација. А потоа и службена белешка. Посебно интересни се заклучоците. Еден од нив вели дека: групата на Доцев по трет пат започнала непријателска активост и се бараат нови членови; истите се поврзуваат со други лица осудувани за непријателска дејност; и се подготвуваат таа година да се соберат на вмровски конгрес. Службата уредно водела евиденција за нивните планови, но и за многу настани од минатото. Така ако внимателно се чита можеме да видиме дека Доцев со својот соговорник Дане (сокриен идентитет) се поврзале и барале да ги пронајдат повротно здравите сили од источна и западна Македонија. Доцев заклучил дека е дојден час од дискусии да се премине на конкретна работа. При оваа дискусија се споменува првиот повоен конгрес што ВМРО требало да го има во 1949 година во Стари Град. Службата, во фуснота посочува дека таа година се одржал состанок на членови на групата ВМРО „Правда“, претставници од Ресен и Битола, како и од Прилеп. На овој состанок „Дане“
бил избран за делегат кој пред ООН требало да го постави македоското прашање. На конгресот кој би се одржал на Илинден или непосредно би се симболизирала историјата на движењето и борбите за слободна, обединета и самостојна Македонија. Притоа овие луѓе не зборувале за самостојноста и обединувањето на Македонија како некаков мит, туку имале конкретни планови како истото треба да се оствари.
Секој оној што се сеќава на Македонија од седумдесетите години од минатиот век знае дека вакви ставови биле опасни за оној што ги имал. Ова е 20 години пред осамостојувањето на нашата држава. Овие луѓе биле визионери. Но, нивната визија не е признаена, а нивната мака сеуште не е позната. Па дури и се е правено засекогаш да остане непознато низ што се минале за Македонија.
Зошто е уништено досието на Доцев? Кој сакал неговата голгота да премине во заборав? Ова не се наивни прашања. Да не го зел во 2000та ова досие сега ќе беше целосно недостапно. Историјата ќе загубеше значаен извор…

….
Со реден број 45009946 во евиденцијата на тајната полиција е запишан и Ченто. Повеќе од грдо делува претседателот на Президијумот на АСНОМ во затворска кошула која со ништо не ја заслужил. Самото листање на страните на неговото досие ја открива бруталноста, нечовечноста и уште повеќе злата намера да се украде и пренасочи историскиот процес на Македонија по секоја цена. ОЗНА за него запишала дека се обидел да пребега преку граница и дека ширел антинародна пропаганда. Истиот според документот за отворање на евиденцијата не се сложувал со политиката на ФНРЈ која според него не била во интерес на македонскиот народ бидејки, според него, неговото, македонското обединување на можело да се случи во истата. Ченто, според овој документ бил со мисла да оди во Париз на мировната конференција и ако таму не успее да се врати во Грција и по пат на насилие да ја отцепи Народна Република Македонија од ФНРЈ и да ја присоедини со Егејска Македонија.

Истрагата потоа го соочила Ченто со неговите кодоши. За среќа сочувани се документите. Сведокот, како што го нарекле, Трајко Бешовски од село Полчиште ќе го изјави следново: „Кога ќе одам за Солун ќе одам при конзулот англиски и американски, за да направам да одам на мировната конференција. На то му реков да ќе погреши, Англија ќе не излаже, треба да одиме само со Русија. На то Ченто одговори да таја работа ке биди по арна да одиме со Англија оти само со Англија и Америка ќе можиме да ги добиеме и другите две части од Македонија – Пиринска и Егејска.

Почитувани,
пред вас се 9 тома, 16 книги или 13500 страници од 202 досиеа.
При селекцијата внимателно се отстранети сите лични моменти. Приватните работи на сите што се споменати не се материјал за историската наука.
ние не тврдиме дали некои од застапените досиеа се на жртви или пак на соработници; наша работа не беше да оценуваме кој е кој. Ние не тврдиме дека една личност не е и жртва и соработник. Во систем кој користел нечовечки методи многу возможно е иста личност да биде скршена, да подлегне на притисокот за да се спаси од прогон и мачење. Има и такви случаи кога и самата УДБА се сомневала дека тие што се согласиле да станат соработници, тоа го направиле за да ја заведат во погрешна насока или пак дека давале безполезни информации колку да се рече дека нешто направиле.
Наша работа не беше ниту да коментираме. Тоа ќе го прави јавноста и историската наука. Нагласуваме, дека не навлегувавме и не објавивме страници поврзани со интимата на обработуваните. И исто така не заземавме страна. Забележавме дека во одредени досиеја кои се предадени во ДАРМ во одредени извештаи недостасуваат страници. Останува на идните истражувачи да утврдуваат што се случило и каде исчезнале истите. Верувам и дека ќе се запрашат зошто покрај споменување на нивни псевдоними и имиња на политички активни поединци, во многу досиеаја, сепак нивните ги нема во архивот. Досиеја на Дракул, Ѓузел, Славко Јаневски, Венко Марковски

….

Нашата работа ја завршивме. Ги направивме достапни за јавност овие страници, црни страници на поновата македонска историја. Истовремено ги заштитивме од исчезнување. Ќе бидат засекогаш достапни и сведоштво на големиот нескршлив македонски дух кој ги совлада сите искушенија и ја издигна Македонија во постоење кое никој не ќе може да го оспори се додека постои сеќавањето на македонците и нивното крварење за ова што денес го имаме.

Извори:
ДРЖАВЕН АРХИВ
НЕТПРЕС
КАНАЛ5
КУМАНОВО ЊУЗ
ГРАД ВЕЛЕС ОФИЦИЈАЛЕН САЈТ
СИТЕЛ
СИТЕЛ втора вест
ОХРИД ЊУЗ
ИДИВИДИ
ТВМ
СТРУМИЦАНЕТ
ЗЕНИТПРИЛЕП
ЈАДИБУРЕК

Едицијата „Црните страници на УДБА“ денеска (21 Октомври 2016) промовирана во Велес. На овој начин Општината одбележа и 123 годишнината од Формирањето на Македонската Револуционерна Организација. „Во Општина Велес се одлучивме годишнината од одбележивањето да ја направиме со промоција на едицијата „Црните страници на УДБА“, изработена од Државниот архив на Република Македонија, институцијата чувар на македонската национална историја. Преку овие дела се дава појасна слика за случувањата во Македонија, за методите кои биле користени од тајната полиција и лицата кои како поткажувачи давале подацоти за следените граѓани„рече Славчо Чадиев Градоначалник на Општина Велес.

Едицијата „Црните страници на УДБА“ содржи 16 книги во девет томови. Во неа опфатени се 202 досиеја, животни судбини за многу Македонци од кој голем дел велешани. „На мои 16 години сум бил следен од тогашните државни безбедносни служби етикетиран како македонски екстремист. Токму оваа едиција треба да биде повод, новиот собраниски состав да покрене иницијатива за официјална државна истрага и да се расчистат сите работи. Крајно време е да престанеме македонците да бидеме против македонците во Македонија„рече Илија Димовски. На денешната промоција пред велешани говореше 88 годишниот Саздо Трајков, жртва на тајната полиција ,човек за кого цели 44 години се водело досие, бил следен и прислушкуван. „На неполни 17 години бев осуден на три години затвор. Заедно со уште 15 другари гимназијалци. Во Идризово спиевме на душеме, на земја, на ладно. Шест месеци маст ни извадија додека бевме под истрага. Откако се вративме дома, со години нашите фамилии и децата беа репресирани„рече Саздо Трајков жртва на тајната полиција. Едицијата „Црните страници на УДБА“ ја издаде Државниот архив на Република Македонија. Во неа е опфатен временскиот период по Втората светска Војна од 1945 до 2000 година. „Оваа историја што ние ја учевме во училиштата е лажна. Вистинската историја е во овие 16 книги. Со нив се разјаснува мал дел од целата слика. Јасно се гледа дека вистинските херои некој се обидувал да ги избрише или да ги стави на маргините на општеството„рече Филип Петровски директор на Државен архив на Македонија. Едицијата е испечатена во 300 комплети. Во Велес може да се најде во подрачното одделение на Државниот архив и во Локалната библиотека „Гоце Делчев“. Надлежните наскоро очекуваат овие 13 500 страници да се испечатат во поголем тираж и да станат подостапни за граѓаните.

Во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица денеска беше промовирана едицијата „Црните страници на УДБА“. Директорот на Државниот архив, Филип Петровски ги презентираше документите објавени во 9 тома, 16 книги во кои се содржани 202 досиеја на 13.500 страници.

– Од Струмица ја почнуваме промоцијата и низ другите градови од Македонија. Оваа едиција е само 2 проценти од тоа што ние како Архив го имаме. Документите кои ги поседуваме на 630 илјади страници покажуваат чуден однос на тогашната држава кон сите патриоти со македонска промисла. Досега овој материјал не беше достапен за историската наука и сметаме дека многу ќе придонесе за пишувањето на поновата македонска историја, на начин на кој навистина се случувале настаните, рече Петровски.

Одговарајќи на новинарско прашање, дали Архивот ги има досиејата на петмината струмички студенти кои станаа актуелни деновиве по промоцијата на филмот „Златната петорка“ која зборува за нивната ликвидација поради идеите за национална самобитност, Петровски рече дека голем дел од нив се уништени.

– Немаме за нив. Имавме масовни ликвидации по 1945 година за кои е уништена документацијата. Државата треба на друг начин да формира предмети и да ги истражува овие убиства. Се надевам дека државата ќе собере сила да ги отпочне овие истраги и да ги пронајде одговорните, а на оние кои беа ликвидирани да им се даде вистинското место во историјата, рече Петровски.

Државниот архив на Република Македонија денеска ја промовира едицијата „Црните страници на УДБА“ во која на 13.000 страници преку користење на неовластено направени извештаи од тајната полиција е опишано што се случувало во Македонија од 1945 до 2000 година.

Едицијата, составена од 16 книги во девет тома со „забранета историја“ што беше промовирана по мотото „Историја што чека да биде откриена“, од денеска ќе им биде достапна на граѓаните во сите библиотеки во земјава.

Првиот том е насловен „Елиминацијата на ВМРО по 1945 година“, вториот „Информбиро“, третиот „Помалку познати судбини“, четвртиот „Ченто и Доцев на удар“, петиот „Емиграцијата – државен непријател број еден“, шестиот „Уметниците на мета“, седмиот „Борбата за независна Македонија никогаш не престанала“, осмиот „Следење, обработка и обиди за растурање на ВМРО-ДПМНЕ“ и деветтиот том „Лустрацијата недовршен процес“.

Промовирајќи ја едицијата Александар Даштевски рече дека е необично што во Македонија следењето од страна на тајната полиција продолжило и по падот на претходниот систем и осамостојувањето на земјава, па дури и во првите две години од доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ, односно до февруари 2000 година кога за министер за внатрешни работи била именувана Доста Димовска.

–  За целиот период од УДБА се користени најгнасните  методи кои се под секакво човечко достоинство, односно најблиските роднини, пријатели и колеги биле користени како поткажувачи кои давале податоци за следените лица. Во едицијата се опфатени само 2 отсто од целокупниот архивски материјал, но извади на површина многу работи кои ќе придонесат за промена на сериозни историски факти и многу важни големини во општеството кои своите кариери ги направиле со уништување на туѓи судбини, а не ретко и животи, рече Даштевски.

Директорот на Државниот Архив Филип Петровски посочи дека едицијата е сведоштво за едно време во кое била забранета секоја напредна мисла која не соодветствувала со погледите на елитите кои биле на власт.

– Ние во едицијата не тврдиме дека една личност е жртва или соработник. Во систем кој користел нечовечки методи многу возможно е иста личност да биде скршена и да подлегне не притисокот за да се спаси. Има и такви случаи во кои самата УДБА се сомневала дека тие што се согласиле да станат нејзини соработници тоа го направиле за да ја заведат во погрешна насока или, пак, давале бесполезни информации колку да се каже дека нешто направиле. Наша работа не беше ниту да коментираме, тоа ќе го  направи јавноста и историската наука, рече Петровски.

Прецизира дека во едицијата не се објавени страници поврзани со интимата на „обработуваните“ и не зазеле страна.

– Забележавме дека во одредени досиеја кои се дадени во Државниот архив недостасуваат страници. Останува  на идните истражувачи да утврдат што се случило и каде исчезнале. Ние нашата работа ја завршивме. Ги направивме достапни за јавноста овие црни страници на поновата македонска историја и ги заштитивме од изчезнување за да бидат сведоштво за големиот и нескршлив македонски дух што ја издигна Македонија во постоење кое никој не ќе може да го оспори се додека постои сеќавањето на Македонците и нивното крварење за ова што денеска го имаме, потенцира Филип Петровски.

Во четврток, 17-ти ноември, во 14 часот во големата сала при Центарот за култура – Охрид ќе се одржи промоција на едицијата„ Црните страници на УДБА“ од Државен Архив на Република Македонија.

Во едицијата „Црните страници на УДБА“, на 13.000 страници преку користење на направени извештаи од тајната полиција, е опишано што се случувало во Македонија во периодот од 1945 до 2000 година.

Едицијата е составена од 16 книги во девет тома.

На 13.500 старници е промовирана  едицијата на документи со наслов  „Црните страници на УДБА“.  Едицијата го опфаќа периодот на делување на тајните служби врз поединци па дури и цели семејства кои имале идеи за независна и обединета Македонија во периодот од 1945 до 1990 , па и до 2000 година. Во државниот архив има 15.000 досиеја, а се објавени 202 досиеја. Има и еден дел од лустрираните кои се занимавале со уништување на туѓи животи, посочува директорот на Државниот архив д-р Филип Петровски

„Наша иницијатива е еднострана. Она што го објавивме е само почеток и претпоставуваме  кога  ќе ги надополниме со лични сведоштва и искуства или документи кои ги немаме. Добар дел од нив се уништени. Ние ќе ја имаме потполната слика ова не е целосна слика  ова е само еден аспект кој бил  субјективен пристап од оперативци кои пишувале и глупсоти за да се оправдаат пред надлежните. Непледираме на универзална вистина туку создаваме материјал кој треба да се истражува и преоценува. Но ако не го објавевме постоеше шанса да е уништено како најмалку 120.000 досиеја “, кажа на промоцијата Петровски.

Петровски посочи еден податок дека во 1965  год. највисока државна комисија утврдила дека тајната  служба имала евиденција за 137.000 луѓе, а во државниот архив се чуваат само 15.000 досиеја. Оваа документација ќе е поле за научни истражувања, напомена Петровски. Едицијата е издадена од Државниот архив на РМ под раководство на директорот на државниот архив д-р Филип Петровски и неговиот тим. Едицијата е дел од комплет составен од 16 книги во девет тома и ќе се продав по цена од  15 000 ден.

По Струмица промоцијата на едицијата ќе се промовира и низ другите градови во Македонија, истите можат да се купат во просториите на архивите

 

Денеска напладне во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица беше промовирана едицијата „Црните страници на УДБА“, во издание на Државниот архив на Република Македонија.

Станува збор за документи објавени во 9 тома, 16 книги во кои се содржани 202 досиеја на 13.500 страници, како што рече директорот на Државниот архив, Филип Петровски, ова се само 2 проценти од тоа што оваа институција го има.

Директорот на Државниот архив, Филип Петровски пред струмичани ги презентираше документите објавени во 9-те тома.

„Документите кои ги поседуваме на 630 илјади страници покажуваат чуден однос на тогашната држава кон сите патриоти со македонска промисла. Досега овој материјал не беше достапен за историската наука и сметаме дека многу ќе придонесе за пишувањето на поновата македонска историја, на начин на кој навистина се случувале настаните“ – рече Петровски.

На прашањето, дали Архивот ги има досиејата на петтемина струмички студенти, кои станаа актуелни деновиве по промоцијата на филмот „Златна петорка“ на Горан Тренчовски, кој зборува за нивната ликвидација поради идеите за национална самобитност, Петровски рече дека голем дел од нив се уништени.

„Немаме за нив. Имавме масовни ликвидации по 1945 година за кои е уништена документацијата. Државата треба на друг начин да формира предмети и да ги истражува овие убиства. Се надевам дека државата ќе собере сила да ги отпочне овие истраги и да ги пронајде одговорните, а на оние кои беа ликвидирани да им се даде вистинското место во историјата“ – додаде Петровски.

По Струмица промоцијата на едицијата ќе се промовира и низ другите градови во Македонија, истите можат да се купат во просториите на архивите низ државата, а наскоро ќе бидат достапни и за читателите во библиотеките.

Шокантно е тоа што идеолошките следења на македонските државјани од комунистичките тајни служби не завршуваат со независноста и падот на комунистичкиот режим, туку продолжуваат се до 2000 година. Во тој период на мета е ВМРО-ДПМНЕ и партиите блиски до таа иделогија. Оваа партија и нејзини активисти биле следени и додека биле власт од 1998 до 2000 година.
Првите 202 досиеја од огромната архива што југословенска тајна разузнавачка служба до 1990 година, а потоа и полицијата на демократска Македонија до 2000 година ги водела за огромен број македонски државјани од денеска се достапни за јавноста.

Едицијата насловена „Црните страници на УДБА“ во која на 13.000 страници преку користење на неовластено направени извештаи од тајната полиција е опишано што се случувало во Македонија од 1945 до 2000 година, содржи сведоштва за поголем број Македонци, пред се членови на ВМРО-ДПМНЕ, кои биле следени од управата за државна безбедност на поранешната југословенска држава.

Државниот архив на Република Македонија во 16 кинги, поделени во 9 тома ги промовираше овие сведоштва, со цел да останат да сведочат за мрачната историја. Во нив ќе можат да се прочитаат тажните судбини на голем број истакнати македонски дејци. Првиот том е насловен „Елиминацијата на ВМРО по 1945 година“, вториот „Информбиро“, третиот „Помалку познати судбини“, четвртиот „Ченто и Доцев на удар“, петиот „Емиграцијата – државен непријател број еден“, шестиот „Уметниците на мета“, седмиот „Борбата за независна Македонија никогаш не престанала“, осмиот „Следење, обработка и обиди за растурање на ВМРО-ДПМНЕ“ и деветтиот том „Лустрацијата недовршен процес“.

Необично е што во Македонија следењето од страна на тајната полиција продолжило и по падот на претходниот систем и осамостојувањето на земјава, па дури и во првите две години од доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ, односно до февруари 2000 година кога за министер за внатрешни работи била именувана Доста Димовска. Во тој период на мета е ВМРО-ДПМНЕ и партиите блиски до нејзината иделогија.

Оваа партија и нејзини активисти биле следени и додека биле власт од 1998 до 2000 година, истакна на денешната промоција Александар Даштевски.

„За целиот период од УДБА се користени најгнасните методи кои се под секакво човечко достоинство, односно најблиските роднини, пријатели и колеги биле користени како поткажувачи кои давале податоци за следените лица. Во едицијата се опфатени само 2 отсто од целокупниот архивски материјал, но извади на површина многу работи кои ќе придонесат за промена на сериозни историски факти и многу важни големини во општеството кои своите кариери ги направиле со уништување на туѓи судбини, а не ретко и животи“, рече Даштевски.

Тој појасни дека материјалите промовирани во едицијата биле неовластено направени во временски период од 55 години , потенцирајќи дека иако поранешна Југославија била дел од ООН и ја прифатила универзалната конвенција за човекови права, нејзината тајна разузнавачка служба грубо ги кршела човековите права.

„Денеска некои од тие што ги воделе постапките тврдат дека тоа било официјална постапка за работење на службата, но дали може таа постапка да биде во спротивност со меѓународното право, со домашното право и со основните човекови права кои му припаѓаат на секој човек од неговото раѓање и на целото негово достоинство. Таа монструозна постапка одела дотаму што доколку началникот поднесе барање за следење на некое лице тоа задолжително се прифаќа од страна на раководителот на МВР. Понатаму се превземаат такви радикални мерки според кои не е важно какви ќе бидат последиците, дали ќе се наштети на неговиот углед и угледот на неговото семејство, а често доаѓало и до смрт поради невозможност да се издржат притисоците кои службата му ги правела т.н. „предмет на оперативна обработка“, како што ги нарекувале следените лица во тоа време“ преку своите шпиони и соработници, посочи Даштевски.

Во Република Македонија, како што додаде тој се случило, најстрашното сценарио во поранешниот социјалистички свет.

„Македонија станува независна државава во 1991 година и со тоа го наследува континуитетот од поранешната држава. Во 1993 станува членка на ООН, а во 1995 година на Советот на Европа, со што ја прифаќа европската конвенција човекови права и фундаментални слободи. Но, токму тогаш започнува најцрната точка во нејзината историја. Токму во тој период поради незавршената лустрација претставниците и наследниците на претходниот систем почнуваат да ги следат членовите на ВМРО-ДПМНЕ или оние кои се блиски до партијата, како и другите партии блиски во ВМРО-ДПМНЕ. Тоа претставува грубо кршење на човековите права и слободи и во време на едноумието би требало да претставува далечно минато. Како врв на целата таа состојба доаѓа и до масовно следење на таа политичка партија, за што се потрошени огромни средства и масовно се ангажирани кадри, техника и време, спротивно на принципите на либералниот капитализам “, додаде Даштевски.

Едицијата, според директорот на државниот архив, е сведоштво за едно време во кое била забранета секоја напредна мисла која не соодветствувала со погледите на елитите кои биле на власт. Од државниот архив велат дека изминативе години биле уништени голем број досиеа, а кај голем дел од нив недостасуваат и по неколку страници.

Со примопредавањето на досиејата од МВР во државниот архив биле сокриени голем број предмети, меѓу нив и досието „Темел“, водено за ВМРО ДПМНЕ. Но, за среќа истото е пронајдено и денеска е дел од објавената едиција „Црните страници на УДБА“.

„Забележавме дека во одредени досиеја кои се дадени во Државниот архив недостасуваат страници. Останува на идните истражувачи да утврдат што се случило и каде исчезнале. Ние нашата работа ја завршивме. Ги направивме достапни за јавноста овие црни страници на поновата македонска историја и ги заштитивме од изчезнување за да бидат сведоштво за големиот и нескршлив македонски дух што ја издигна Македонија во постоење кое никој не ќе може да го оспори се додека постои сеќавањето на Македонците и нивното крварење за ова што денеска го имаме“, рече директорот на Архивот, Филип Петровски.

Според директорот на државниот архив, Филип Петровски, оваа едиција е темелно ископување на вистината и сведоштво на големиот и нескршлив македонски дух.

“Ние во едицијата не тврдиме дека една личност е жртва или соработник. Во систем кој користел нечовечки методи многу возможно е иста личност да биде скршена и да подлегне не притисокот за да се спаси. Има и такви случаи во кои самата УДБА се сомневала дека тие што се согласиле да станат нејзини соработници тоа го направиле за да ја заведат во погрешна насока или, пак, давале бесполезни информации колку да се каже дека нешто направиле. Наша работа не беше ниту да коментираме, тоа ќе го направи јавноста и историската наука“, посочи Петровски.

Во едицијата не се објавени страници поврзани со интимата на „обработуваните“ личности

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *