Филип Петровски вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 откри дека бил нападнат од луѓе на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за време на протестите за промена на името, и со тоа како што вели Петровски, дава доказ дека сегашниот лидер на опозицијата тајно поддржувал промена на уставното име.

„Мицкоски не се користи само со прес-конференции, тој ги користи сите можни алатки кои ги користи една мафија. Немојте да мислите дека не се користи со закани и со сила тој човек. Јас имам сведок дека бил пратен на мене, од страна на Мицкоски, на протестите за промената на уставното име во 2018 година пред Собранието. Имам сведок, но човекот е подготвен да сведочи дека лично од Мицкоски е пратен да ме тргнат на страна, за тие протести да не добијат друг тек, и него да го исфрлат од игра. Што докажува дека учествуваше со тајна поддршка за името на Република Македонија да биде променето“, рече Петровски.

Извор: ТВ21

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *