Банките мораат да дадат грејс период за кредитите од најмалку 6 месеци, односно да не се плаќаат рати се од септември оваа година. Не може се да е застанато, сите да се блокирани и по дома, а банките да сметаат на добивка оваа година. Нека го споделат ударот заедно со населението.
Исто така извршителите мораат да застанат наредните 6 месеци. Како што рече Меркел ова е најголема криза по Втората светска војна. Па ако е така нека се однесуваат сите според тоа. Не може да биде народот блокиран, а некој да пресметува добивки и камати и понатака.
Владата да реагира, бидејќи во моментов е составена од сите партии и нема на кој да се налутат банкарите и да наложи народот да биде заштитен.
Првпат објавено на Facebook, 19.3.2020.
Следи нè на GoogleДодај го filippetrovski.mk како омилен извор и моите текстови ќе ти се прикажуваат први во вестите на Google.