ФПФилип Петровски

„Економски тигар“, „Швајцарија на Балканот“ и историски највисок животен стандард, како и раст! Секој ден нè бомбардираат со статистикa за тоа колку феноменално живееме, колку ни цветаат розите и каков невиден напредок бележиме.

​А реалноста? Реалноста е да се молиш и да трепериш пред вратите на Онкологија – не само за терапија, туку за да не те вратат дома со зборовите „нема“.

​Додека вие на прес-конференции се фалите со вашите измислени успеси, европски стандарди и „розов медиумски балон“, граѓаните го живеат хоророт наречен македонско здравство. Напредокот ви е толку голем што падот на најчувствителните категории луѓе го сведовте на чиста среќа и преживување од ден за ден.

​Ама битно стандардот расте, нели? Важно е дека во вашите фотељи сè е во најдобар ред, додека онколошките пациенти и нивните семејства се оставени сами на себе да се борат со системот кој наместо да ги лечи, ги докрајчува.

​Срамота е малку да се каже. Фалете се уште повеќе, ама реалноста одамна ве демантираше на најсуров можен начин.

Првпат објавено на Facebook, 6.8.2026.

Следи нè на GoogleДодај го filippetrovski.mk како омилен извор и моите текстови ќе ти се прикажуваат први во вестите на Google.