🚨 РЕБАЛАНС НА БУЏЕТОТ 2026: СВЕСНО ДОЛЕВАЊЕ БЕНЗИН ВО ОГНОТ НА ИНФЛАЦИЈАТА И НОВИ ДОЛГОВИ ЗА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ!
Наместо сериозна фискална консолидација и гаснење на инфлаторниот пожар, власта свесно одбра да тера популизам на сметка на долгорочната стабилност.
🔥 Инфлацијата расне, а мерки – НЕМАТ!
Владата самата признава дека работите излегуваат од контрола, ревидирајќи ја проекцијата за трошоците на животот од почетните 2.5% на високи 4.5%. И што преземаат против ова? Ништо! Наместо антиинфлаторни кочници, овој Ребаланс дејствува дополнително инфлаторно. Проектираните порасти кај платите и социјалните трансфери се релативно високи, веројатно над номиналниот пораст на економијата. Во превод: се пумпа потрошувачката без реално покритие, што директно ја храни „лепливата“ инфлација. Нема никакви таргетирани мерки за скротување на ценовниот шок предизвикан од глобалните и блискоисточните волатилности.
🎯 Преоптимистички (нереални) приходи
Уште во ноември лани беше јасно дека буџетските приходи се надуени и нереални (растот беше проектиран на неверојатни 12.8%). Сега, за првите пет месеци, реализацијата заостанува за околу 4 процентни поени. Наместо да ги скрати трошоците согласно реалноста, Владата ги остава приходите на исто ниво, со што индиректно си признава дека првичниот Буџет бил чиста научна фантастика и „козметика“ за јавноста.
💸 Дефицитот во плафон – се задолжуваме за тековни трошоци?
Буџетскиот дефицит експлодира за цели 17.9%, односно скока од 3.5% на 4.1% од БДП! Ова е сериозен фискален аларм. Власта се правда дека парите ќе оделе за капитални расходи (кои наводно растат за 14.5%). Но, сите знаеме како оди тоа кај нас – капиталните проекти редовно потфрлаат во реализацијата, па на крајот на годината тие пари се пренаменуваат за купување социјален мир и тековни трошења. Ако тоа се случи и сега, ќе значи дека целото проширување на дефицитот ќе се финансира со нов долг без никаков развоен ефект!
📉 Каматите го јадат развојот
Трошоците за каматни плаќања веќе ја надминаа психолошката граница од 2% од БДП – што е НАЈВИСОК релативен износ во последните две децении! Земјата се задолжува и дома и надвор по прескапи стапки за да ги финансира тековните апетити на власта.
Заклучок:
Овој ребаланс е свесен избор за повисоко јавно трошење без соодветно зголемување на приходите. Креираме нов долг, ги зголемуваме трошоците за негово сервисирање и ја оставаме инфлацијата да ги јаде платите на граѓаните. Краткорочен популизам со трајни економски последици.
Првпат објавено на Facebook, 6.7.2026.