Петровски: Заев го вовлекува ВМРО-ДПМНЕ да му направи цензус на референдумот

И Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ го потпиша меморандум на повеќе организации за бојкот на референдумот. На денешното потпишување присуствуваше Филип Петровски, поранешен функционер на ВМРО-ДПМНЕ, кој рече дека премиерот Заев се обидува да го вовлече ВМРО-ДПМНЕ да му направи цензус на референдумот. -Од денеска ќе тргнеме од човек на човек, од роднина на роднина, од […]
Петровски: Амнестија не смее да има, Мицкоски не смее да ја користи партијата да бара нешто надвор од политичката етика

Филип Петровски од Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ во изјава за „Фокус“ вели дека политичките елити не смеат да имаат имунитет и законот мора да важи еднакво за сите, во однос на информациите кои ги пласираше премиерот Зоран Заев дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски барал амнестија за поранешното раководство на партијата. -Не смее да има […]
Филип Петровски: Мицко, напушти го парламентот, па владеј, нема да ти пречам

Филип Петровски, кој важи за еден од најголемите внатрешни противници на новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ му испрати порака на претседателот Христијан Мицкоски заедно да ја соборат власта, а потоа ќе се тргне и ќе му даде поддршка да стане премиер. На својот профил на „Фејсбук“, ексдиректорот на Архивот на Македонија, бара ВМРО-ДПМНЕ да го напушти […]
Иванов донесе одлука да не го потпише указот за Законот за ратификација на договорот со Грција

Претседателот на Република Македонија донесе одлука да не го потпише Указот за прогласување на Законот за ратификација на Kонечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство […]
Филип Петровски има докази против Мицковски. Еве за што!

Филип Петровски од Деморатската фракција на ВМРО-ДПМНЕ во изјава за „Фокус“ вели дека не ни очекувал поддршка од лидерот Христијан Мицкоски за протестите против договорот со Грција и тврди дека Мицкоски е во таен договор со Заев. -Мицкоски е контролиран од неговите ментори од странските амбасади. Него не го интересира ниту ВМРО, ниту членството, ниту […]
Влада: Нема да дозволиме уште еден 27 април

Владата на Република Македонија најостро го осудува насилството, говорот на омраза и повиците за насилство од вчерашните настани, кои имаат за цел да манипулираат и да ги вознемируваат граѓаните на земјата – Предизвикувањето немири и несигурност е единствената цел на структурите што стојат зад овие немири, а тоа е во целосна спротивност на интересите на […]
Протестот за името мирен со повик да продолжи денес во 11 часот

Протестот на граѓаните пред Собранието на Република Македонија против договорот со Грција кој се менува името на државата вечерва траеше неполни два часа и помина мирно, без инциденти и без пиротехнички средства и со засилено полициско обезбедување. Од протестот, на кој се извикуваше „Македонија“ и „Предавници“ и се пееја и патриотски песни, беше испратен повик […]
Филип Петровски повикува на блокада на Парламентот

Филип Петровски од фракцијата на ВМРО-ДПМНЕ пред Собранието побара граѓаните да ги блокираат сите влезови и да не дозволат пратениците да влезат на утрешната седница, на која треба да почне расправата за договорот со Грција за решавање на спорот со името. „Нека влезат со хеликоптери на утрешната седница. Ги повикувам пратениците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ […]
Нов протест пред Собранието, се извикува името на Иванов и се пуштаат патриотски песни

Под големо полициско обезбедување, денеска повторно се протестира пред Собранието против промена на уставното име на Македонија. Демонстрантите го извикуваат името на претседателот Ѓорге Иванов, а пуштаат и патриотски песни. Протестот засега е мирен, за разлика од вчера, кога поради насилно однесување, туркање на заштитната ограда, фрлање камења и пиротехнички средства кон Собранието и полицискиот […]
Петровски: Луѓето фрлија 2-3 пластични флаши, а полицијата фрлаше шок бомби до ГТЦ

Еден од фракционерите на ВМРО-ДПМНЕ, Филип Петровски директно од протестите пред Собрание на Телевизија 24 зборуваше за вчерашните протести. Наспроти видеата од МВР, кои покажуваат фрлање со предмети и факели кон полицијата, Петровски тврди дека биле фрлени „две-три пластични флаши“ од толпата, а полицијата веднаш почнала да фрла шок бомби. -Имаме видео и изјава, јас […]
Петровски: Да го блокираме Собранието, нека влезат со хелихоптер на утрешната седница

Филип Петровски од фракцијата на ВМРО-ДПМНЕ пред Собранието побара граѓаните да ги блокираат сите влезови и да не дозволат пратениците да влезат на утрешната седница, на која треба да почне расправата за договорот со Грција за решавање на спорот со името. Нека влезат со хелихоптери на утрешната седница. Ги повикувам пратениците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ […]
ЈАС И ПО ЦЕНА НА ЖИВОТОТ НЕМА ДА ГО ПРИФАТАМ КАПИТУЛАНТСКОТО ДЕЛО НА ЗАЕВ, РЕЧЕ МИЦКОСКИ НА ПРОТЕСТОТ ПРОТИВ ДОГОВОРОТ ЗА ИМЕТО

Ова е капитулантска Влада, а Зоран Заев е Баронот Минхаузен, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкиски, на денешниот протест во Битола организиран против потпишувањето на договорот со Грција за промена на името. Протестот почна два часа по потпишувањето на договорот со Грција во Псарадес (Нивици) на грчката страна на Преспа, со поворка која тргна со погребни […]
Дента кога се потпиша Преспанскиот договор ние протестиравме…

Дента кога се потпиша Преспанскиот договор ние протестиравме… Додека некое се шетаа по битолските сокаци. Мислам знаете на кој мислам. Историјата ќе биде немилосрдна. Подолу видео од овој немил настан. * Не маваат со солзавци цело време. Како што можете да видите очите ми солзат и со сила говорам. Ама ако. Ова се историски времиња […]
Агим Јонуз го напушти ТВ дуелот со Филип Петровски

Политичкиот аналитичар Агим Јонуз го напушти вечерашното издание на „Само вистина“ на Канал 5, каде гостуваше со Филип Петровски. -За мене велат дека сум самобендисан, ама претпоставувам се возбудуваш и ти во огледало кога се гледаш – му кажа Јонуз на соговорникот, на што Петровски реагираше со зборовите „Вие сте попиле малку пред емисија“.
ВМРО-ДПМНЕ: Филип Петровски не е наш член

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да дадат оставка, ВМРО-ДПМНЕ да не се враќа во парламентот и да не се признава Талат Џафери за легитимен претседател на Собранието, му порача Филип Петровски на новото раководство на најголемата опозициска партија и нејзиниот лидер, Христијан Мицкоски. Петровски, кој важи за критичар на политиките на наследниците на Никола Груевски, се придружи […]