ФПФилип Петровски
Преобјавено: За прв пат објавен протоколот за пренесување на моштите на Гоце Делчев

Преобјавено. Вечерва објавивме повторно неколку текстови за нашиот голем револуционер Гоце Делчев. Во таа насока заокружуваме со Протоколот за пренесување на моштите во Македонија кој што се чува во Државниот архив на РМ! Директорот на ДАРМ, Филип Петровски преку својот Фејсбук профил објави досега непознат документ за пошироката јавност. Имено, се работи за протоколот за пренесување на моштите на револуционерот Гоце Делчев.Преобјавено: За прв пат објавен протоколот за пренесување на моштите на Гоце ДелчевПреобјавено: За прв пат објавен протоколот за пренесување на моштите на Гоце Делчев
„Ова е еден од позначајните документи кои се чуваат во Државен архив на РМ, протоколот за преместување на моштите на Гоце Делчев во Македонија.  Коските од 1923 година се чувани Илинденската организација. Тие се предаваат на претставниците на Македонија, како што е наведено, за да бидат чувани од поколенијата во СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА. Наскоро протоколот ќе биде достапен преку едицијата ВЕРНО НА ОРИГИНАЛОТ.“, напиша Петровски во објавата на својот фејсбук профил.

Првпат објавено на Пулс24, 17.9.2018.

Следи нè на GoogleДодај го filippetrovski.mk како омилен извор и моите текстови ќе ти се прикажуваат први во вестите на Google.