ФПФилип Петровски

Илинденски пораки: Исто драмско сценарио, различни актери!

(фотографијата е генерирана со ВИ)

Помина уште еден 2 Август. Изслушавме десетици честитки, говори и празнични пароли. И ако ја тргнеме на страна патетиката, сликата е повторно иста:

„Повикот за единство“ како партиски монопол: Власта секоја година нѐ повикува на обединување, но под услов тоа единство да биде под нејзина закрила. Опозицијата, пак, дури и на празник не пропушта да гопретвори Илинден во прес-конференција за корупција.

Институционален дефокус: Кога претседателот на Собранието смета дека за 2 Август поефикасно е да биде во Египет отколку на Мечкин Камен, тоа не е обична агенда – тоа е јасен показател за односот кон државните симболи.

Етнички паралелизам: Наместо Крушевската Република да биде заедничка платформа за сите граѓани, пораките повторно се поделија по етничка линија – едни зборуваат за завет и саможртва, други за исклученост и рамноправност.

Заветот на Илинденците не беше да слушаме празни говори секој 2 август, туку да изградиме функционална, праведна и уредена држава. Сè додека историјата ни служи како штит за сегашната неефикасност, Илинден ќе остане само уште еден неработен ден за граѓаните и уште еден ден за реторички натпревар на политичарите.

Првпат објавено на Facebook, 3.8.2026.

Следи нè на GoogleДодај го filippetrovski.mk како омилен извор и моите текстови ќе ти се прикажуваат први во вестите на Google.