ФПФилип Петровски

📊 ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА СЕ ВРАТИЈА НА НИВОТО ОД ПРЕД КРИЗАТА СО ИРАН, НО КАДЕ СЕ НАШИТЕ БЕНЗИНСКИ?! 🤔

Според најновите податоци на светските берзи (како што јасно се гледа од графиконот на Financial Times во прилог), цената на суровата нафта падна на истото ниво каде што беше пред почетокот на војната во Иран! Берзанскиот балон пукна, цените се стабилизираа…

💥 Но, зошто кај нас цените на бензините и дизелот СЕУШТЕ СЕ ЕКСТРЕМНО ВИСОКИ?!

Зошто кога на берзата расте, кај нас цената се крева за 5 минути, а кога паѓа – се чекаат недели и се кратат само по половина денар?

До кога преку грбот на обичните граѓани ќе се богатат профитерските трговци и политичката олигархија?! Народот едвај врзува крај со крај, додека тие ги полнат сопствените џебови со вештачки надуени цени.

🛑 До кога ќе не молзете? 🇲🇰

#Протест #ЦениНаГорива #ЕкономскаПравда #Олигархија #Македонија

Првпат објавено на Facebook, 25.6.2026.

Следи нè на GoogleДодај го filippetrovski.mk како омилен извор и моите текстови ќе ти се прикажуваат први во вестите на Google.