ФПФилип Петровски

Ченто е во самица. Претходно бил нападнат и тоа од полицајци. Како што дознав биле со чинови. И биле повеќемина. Прави мажи нели? Еден на десет. Каде е сега Хелсиншки? Или тој комитет служи само за малтретирање на Македонци? Каде е ЕУ, ОБСЕ? Ќе реагирате ли? Или ќе дозволите уништување на секое поинакво размислување од ова што го има хунтата на власт?

Во овој статус сакам да ја споменам и Каракамишева. Да ги прозвам и потсетам истите институции дека пред се е жена и Македонка и дека е недозволиво да се има двојни аршини кога се во прашање нејзини политички ставови?

Македонија за жал влегува во ера на темно владеење, насилно владеење кое не може да донесе ништо добро. И ќе следи казна од народот, од Македонците. Кога тогаш.

Да ве потсетам дека и на мене, како и на Тања извесната Уранија Пировска (која служи само за тоа изгледа) преку Хелсиншкиот ми поднесе кривична пријава за ТВИТ!? И ги искористи полугите на моќта за да ме малтретира по обвинителства.

Тоа е изгледа нивниот ментален склоп, злоупотреба на власта за лични потреби и привилегии, а против интересите на цел еден народ. Цехот ќе дојде. И ќе биде голем господа.

Првпат објавено на Facebook, 19.1.2019.

Следи нè на GoogleДодај го filippetrovski.mk како омилен извор и моите текстови ќе ти се прикажуваат први во вестите на Google.