ФПФилип Петровски

Демографијата ја крои политиката – Лекција од Шведска

Погледнете ја добро оваа статистика од изборите во Шведска.

Реалниот изборен резултат: Левицата освојува 176 пратенички места, наспроти десницата со 173. Тесна победа за левиот блок.

Резултат доколку гласаа само Швеѓаните и европските мигранти: Десницата ќе победеше убедливо со 181 мандат, додека левицата ќе паднеше на 168.

Ова отвора суштинско прашање за кое со години предупредуваат конзервативните и десничарските кругови низ Европа: политичкиот инженеринг преку миграција.

Левичарските и глобалистичките партии со децении туркаат политики на отворени граници и масовно прифаќање мигранти – не само од декларативен „хуманизам“, туку за создавање сигурна, зависна гласачка база која со тек на време ќе ги надгласа автохтоните граѓани. Кога домородното население ќе биде неутрализирано или прегласано во сопствената татковина преку увезени гласачки тела, суштината на националната демократија целосно се извитоперува.

Ова не е прашање на ксенофобија, туку на елементарен суверенитет, зачувување на културниот идентитет и правото на народот сам да одлучува за својата судбина. Ако дозволиш демографските манипулации и туѓите вредности да ти ја диктираат иднината, ја губиш контролата врз сопствената држава.

Поука и за Македонија:

Кој не си ја брани сопствената демографија, граници и национални интереси, утре ќе биде гостин и малцинство во сопствената куќа.

Првпат објавено на Facebook, 14.9.2026.

Следи нè на GoogleДодај го filippetrovski.mk како омилен извор и моите текстови ќе ти се прикажуваат први во вестите на Google.