ФПФилип Петровски

ДИШЕЊЕТО НЕ Е ЛУКСУЗ – ТОВАРОТ ВРЗ ПАЦИЕНТИТЕ Е НЕПРИФАТЛИВ!

​Како е можно лек кој е неопходна, доживотна терапија за илјадници граѓани со астма и ХОББ, преку ноќ да стане финансиски недостижен?

​Новата листа на лекови, која стапи на сила пред два дена, донесе шокантно зголемување на партиципацијата за лекот „Фостер“ (формотерол + беклометазон) – од околу 300 денари на неверојатни 1080 денари! И тоа со специјалистички извештај и рецепт!

​Дали некој во Министерството за здравство и Владата се запраша што ќе се случи со овие луѓе?

​Дали ќе бидат принудени самоволно да ја прекинуваат терапијата?

​Дали ќе се „штеди“ на вдишувања, со што ќе го загрозат сопственото здравје, само за да преживеат до крајот на месецот?

​Дали ги терате граѓаните да чекаат критично влошување на состојбата и итна хоспитализација за да добијат помош, наместо да им овозможите превенција?

​За пациентите со хронични белодробни заболувања, овој лек не е додаток во исхраната, ниту козметика – тој е средство за преживување. Правото на здив не смее да стане привилегија на оние со подлабок џеб!

​Ме интересира:

-​Врз која логика е направено ова драстично поскапување на товар на пациентот?

-​Кој ја сноси одговорноста за ризикот од влошување на здравствената состојба на граѓаните кои нема да можат да си ја дозволат терапијата?

​Здравјето не е пазарен материјал за штедење! Очекуваме итно ревидирање на оваа одлука и враќање на лекот во рамките на достапноста за секој пациент.

Првпат објавено на Facebook, 20.6.2026.

Следи нè на GoogleДодај го filippetrovski.mk како омилен извор и моите текстови ќе ти се прикажуваат први во вестите на Google.