КОЈ НА ДРУГ ГРОБ МУ КОПА, САМИОТ ВО НЕГО ПАЃА. {Вчера по мои партиски канали добив известување дека на клиентите на Мицко им била дадена наредба да ме изсвиркаат на протестот, демек него го сака членството… патетично. По тој повод повелете мислење произлезено од денешниот протест.}
Почитувани мои соборци и храбри Македонци,
Денеска “лидерот” на ВМРО ДПМНЕ влезе во историјата.
Во историјата на лицемерието, во историјата на темната страна како соочесник во прекрстување на државата.
Кога ние протестиравме, него и неговите пајташи ги немаше, па после му текна да шета секоја среда која траеше неполн месец со едвај 2000 луѓе, и тоа престана и не продолжи.
Ние мрзневме секој ден, ги оставивме нашите најблиски, а кај беше тој, во топлите соби на штабот, и секако во близина на Заев преку неговите блиски роднини.
Денеска даде една патетична изјава полна со исти и досадни флоскули..
Ќе пркосел ли исто како што жестоко се спротистави во Собранието?
Се лаже себе си и своето опкружување ова човече или сите нас?
Жален човек, тежок лицемер.
Денес на протестот дојде со 30..40 луѓе кои 10 луѓе беа обезбедување, 10 пратеника, и уште 10 од своето најтесно опкружување..и толку..
Зошто не ги повика комитетите ако беше искрен, или се шлепаше на протестот? Самите ќе донесете заклучок.
Се подмочаа од среќа и од сликање дека биле тука, пред собрание, што говори за фрустрациите заради тоа што е одвоен од реалноста и членството?!
Зошто ако тој е против договорот, не протестираше, не блокираше?
Прочитан спотер..
Денес прв пат опозиционен лидер беше исвиркан од други опозиционери, и прв опозиционер што дојде со толкаво обезбедување..
Браќа и сестри,
Денес падна маската на лицемерот Мицковски.
Еве само еден мал пример како можеше да исзблокира денес.
Да дадоа оставка неговите пратеници заедно со Тунтев, и сите следни на иста, процесот ако ништо друго ќе го забавеше, но и ќе докажеше дека пратениците на ВМРО ДПМНЕ нема да седат во парламентот на Северна Македонија.. Блокирање мојата партија треба да направи со 400 автобуси и деноноќно. Тоа е БЛОКИРАЊЕ. Имаат ресурси за тоа, и структура…Но, очигледно немаат никаква поддршка внатре во партијата.
Така што Христијане, седи си дома, не ни требаш со 30 луѓе и лицимерно да се шлепаш на овој чист протест, и да плукаш на нашата мака, мрзнење и жртва за Македонија..
Првпат објавено на Facebook, 9.1.2019.