Фаталните последици од блокадата на патот кон ЕУ | 13 појдовни точки преложени за критичко промислување
1. Прво, да се разбереме, Мицковски и Николовски ја блокираа Македонија на патот кон ЕУ, а не Бугарија;
2. Наводната помпезно најавувана дестабилизација беше параван и спин за прашањата и одговорите за интеграцијата и дипломатијата;
3. Разногласието во Владата за дестабилизација беше и е спин за скапите часовници, како и скандалите поврзани со имотните листови на Јанушев и Тошковски;
4. Сега веќе е можна дестабилизација од неколку фактори заради неукоста и аматеризмот на Мицковски и Николовски за прашања поврзани во геополитички контекст;
5. Нарушување на стратешкиот Коридор 8 кој е од значење пред се за нас, како и на НАТО и САД и нивната воена мобилност e сериозно внатре создадено дестабилизирање на државата;
6. Во геополитичка бура каде конфликтите се се поизразени, треба да се создаваат партнерства со сите, а не непријателства;
7. Поодамна не функционира меѓународно право во теоретска смисла, туку сила и интерес во арената на меѓународната заедница, тоа е факт, и нема место за изјави како „емотивен нефер пристап“. Истите се само за внатрешна употреба и мантрање на членството;
8. Кревкоста на државата е резултат на многу години разнебитување и крадење на државата од политичари кои до вчера, а по промената на власта и понатаму продолжуваат да „цицаат“ од буџетот;
9. Време да се запрашаме дали олигархијата ги поседува политичките субјекти ВМРО ДПМНЕ и СДСМ?;
10. На кого му одговара неинтеграција во ЕУ освен на криминалците и олигарсите, како и политичкото подземје кое е тесно поврзано со првите две?;
11. Докажан факт е дека само на мафијата и олигархијата не им одговара влез на државата во ЕУ.
12. Само олигарсите кои ги поседуваат и медиумите 30 години измислуваат непријатели на Македонија и манипулираат со јавноста;
13. Нема ли после одвојувањето да се засили изселувањето и барањата за бугарските пасоши?
Првпат објавено на Facebook, 27.9.2024.