ФПФилип Петровски

Не знам дали се сеќавате кога објавуваше Солза Грчева, коалициониот партнер на Мицковски, a поранешниот пратеник на СДСМ. Да. Таа солза. Не знам дали се сеќавате кога објавуваше срцепарателни статуси дека синот нејзин ја прашал мамо дали навистина ја продадовте Македонија. Значи кога ги напаѓаше нејзините, како му доаѓа тоа бивши, а не сегашни, бидејќи претходно беше со СДСМ, а сега е со ВМРО. Значи кога ги напаѓаше да СДСМ, они ја продале Македонија, а овие од оваа страна ќе ја штителе Македонија. И тој срцепарателен статус беше вака за лајкови многу благопријатен. Ајде сите

сега со знамиња, со коментари. Солза ја брани Македонија.

И што се случи во меѓувреме? Имаме ли идеја? Па да знаете нејзиниот син стана советник во локалната самоуправа во Софија. Честитки. Секогаш сум за тоа младите луѓе дa напредуваат. А добро е да имаме наши претставници во

Софија. Сакам а дури да имаме мнозинство во Софија. Why not? Нели често зборувам дека Софија историски е најголем во

одреден период на времето на окупацијата на Србите, односно кога сме Вардарска бановина, Софија е најголем македонски

град.

Така што ако е ова тој ентерпрајз, значи се прошируваме да го заземеме советот на Софија, тогаш добро е. Меѓутоа се плашам дека можеби има и некоја друга позадина.

Првпат објавено на Facebook, 26.10.2025.

Следи нè на GoogleДодај го filippetrovski.mk како омилен извор и моите текстови ќе ти се прикажуваат први во вестите на Google.