ХИБРИДНИТЕ НАПАДИ ДЕКОНСТУИРАНИ 👇👇
Терминот “глупи август“ или “време на краставици” (на англиски: *silly season*, *cucumber time*) се користи во јавниот говор за да го опише периодот на летниот одмор – најчесто месец август – кога институциите, парламентите и дел од бизнисите се на пауза, а политичарите и јавните личности заминуваат на одмор.
Ова е истовремено и недостаток на “сериозни“ вести – бидејќи државните институции не заседаваат и нема големи политички или економски одлуки, нема доволно материјал за класични вести.
Фокус на тривијални и забавни содржини – се објавуваат приказни за бизарни настани, необични случки, сензационализам или “лесни“ теми поврзани со познати личности, туризам, животни итн.
Укажува на тоа дека август е месец со празнина во „тешките“ вести. Таа празнина медиумите ја пополнуваат со лесни, необични и често несериозни содржини за да ја задржат публиката.
Првпат објавено на Facebook, 23.9.2025.