Инаку во 2001 година баравме прогласување на ВОЕНА СОСТОЈБА за да се справиме со ТЕРОРИСТИТЕ (уште ги викаме терористи така?? Иако седат во Влада веќе 20 години?!) кои што ја нападнаа Македонија од Косово.
Ама тогаш на комуњарите не им одговараше да се воведе. И не се воведе. Наместо тоа дигнавме бело знаме. Кое до ден денеска ни стои високо на јарболот на државата.
Сега, за разлика од тогаш и тоа како им легна. Без пардон си воведоа ПОЛИЦИСКИ ЧАС. Ми се чини дека народов не е баш упатен колкава моќ се концентрира во само неколку луѓе. Истата е без контрола а опозицијата глуми опозиција и го чека ГОДО…
Мое е да предупредам дека оваа мерка може да биде злоупотребена на многу начини и дека првиот момент кога нема да е неопходна мора веднаш да се укине. На народот му е веќе и тоа како јасно дека е во кал до гуша со КОРОНА ВИРУСОТ.
Наместо да вежба сила и да ѕвецка со оружје Владата нека се позанимава со намалување на цената на струјата, со одложување на плаќањето на кредитите на најмалку 6 месеци, на стабилизирањето на цената на основните намирници кои отидоа во небо од кризните профитери.
Првпат објавено на Facebook, 21.3.2020.