ФПФилип Петровски

Кораб е врв на границата меѓу Македонија и Албанија. Ако македонското знаме навистина е отстрането и на неговото место е поставен двоглав орел, тоа бара итна реакција од институциите: да утврдат кој го сторил тоа и да постапат според закон.

Имаме право да бидеме особено чувствителни на вакви провокации. Во 2001 година Македонија се соочи со вооружени напади и ИНВАЗИЈА Косово. Таа историја не смее да се заборави, СЕ РАЗБИРА ниту да се користи за обвинување на цела заедница. Одговорноста има конретно име и презиме.

Македонскиот народ и неговиот национален идентитет неможат да се предмет на територијално пазарење. Суверенитетот и територијата на државата се неделиви, а нејзиниот унитарен карактер мора да се почитува. Молчењето пред вакви постапки не е мир. Тоа е откажување од должноста да се штити државата.

Првпат објавено на Facebook, 24.9.2026.

Следи нè на GoogleДодај го filippetrovski.mk како омилен извор и моите текстови ќе ти се прикажуваат први во вестите на Google.