Кога извесниот Клековски, висок државен функционер ќе ни објаснува дека минималната плата е „превисока“ и не треба да се зголемува, тогаш ајде да бидеме доследни до таа логика – до крај.
Ако, според паритет на куповна моќ, минималната плата во Македонија „вреди“ 1.069 евра, тогаш платите на функционерите, кои номинално се 1.500 – 2.000 евра, во европски рамки вредат 5.000 – 7.000 евра.
Со истата таа логика што ја користат за работниците – тие се драстично превисоки.
Значи, ако минималецот треба да се „замрзне“ или „коригира надолу“, тогаш платите на функционерите треба веднаш да се намалат најмалку за 60%.
Сè друго е лицемерие.
Не може народот да живее „по реалност“, а власта да зема плати „по европски стандарди“.
Не може касиерката да се мери со статистика, а функционерот со привилегии.
Не може сиромаштијата да биде економска нужност, а комфорот – државна политика.
Ако Македонија „не е на дното“, тогаш покажете го тоа прво на сопствените плати.
Во спротивно, не зборуваме за економија – туку за класна ароганција.
Првпат објавено на Facebook, 8.2.2026.