Магијата на македонската акциза 🕯️⛽️
Немојте да им завидите на Србите за тие 40% помалку, ниту на Црногорците што ја преполовија акцизата.
Тоа е само евтин популизам и тест за нивниот карактер. Тие само покажуваат дека немаат кондиција за вистинско поскапување.
Ние, од друга страна, преку нашите европски цени ја достигнуваме највисоката форма на духовност. Кај нас, секое палење на колата е свечен чин, а секое одење до бензинска – аџилак. 🚗🙏
Додека комшиите се возат како „расипници“, ние во Македонија учиме:
Трпение: Кога стрелката ќе падне под нулата, а ти знаеш дека имаш уште 15 километри „на пареа“.
Скромност: На прашањето „Колку да ставам?“, одговорот секогаш е скромни „за 500 денари“, колку да не се засуши резервоарот.
Математика: Пресметуваме потрошувачка поточно од НАСА, земајќи го предвид и правецот на ветерот за да заштедиме три капки дизел.
Затоа, глава горе! Додека кај нив цените паѓаат, кај нас само притисокот расте, а тоа е знак дека сме живи и здрави.
Благословени да се нашите бензински и нивните цени што нè тераат почесто да пешачиме – за здравјето се работи, бе луѓе! 📉🏃♂️💨
Првпат објавено на Facebook, 21.3.2026.