ФПФилип Петровски

Маските дефинитивно паднаа! По повеќе од 25 години лажни приказни за наводна „борба за човекови права“, самите актери и нивните политички наследници почнаа јавно да си ги вадат валканите алишта и да ја признаваат вистината јас ја зборувам уште од 2001 година!

​Кога денес отворено се расправаат кој, зошто и како се откажал од првичните соопштенија за поделба на Македонија, станува кристално јасно: таа војна никогаш не беше за права, рамноправност или уставни амандмани. Таа војна беше вооружен напад врз суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија, со јасна сепаратистичка и големоалбанска агенда.

​Правата беа само параван и евтин изговор пред меѓународната заедница, додека целта беше насилно прекројување на границите и разнебитување на унитарниот карактер на државата. Денеска, кога самите си признаваат дека почетните позиции биле поделби и територии, се потврдува секоја моја изјава.

​Жртвите на нашите бранители – хероите од Вејце, Карпалак, Љуботен и сите други боишта – не се заборавени. Македонија опстана и ќе опстане како унитарна држава на својот народ, и покрај сите обиди, уцени и политички пазарења.

​Вистината не може да се сокрие засекогаш: историјата ќе запише кој ја бранеше татковината, а кој со оружје сакаше да ја дели! 🇲🇰

Првпат објавено на Facebook, 21.8.2026.

Следи нè на GoogleДодај го filippetrovski.mk како омилен извор и моите текстови ќе ти се прикажуваат први во вестите на Google.