ФПФилип Петровски

Математиката на грабежот: Како исти бројки на берзата нè чинат 15 денари поскап дизел?

Ајде малку брутална математика и факти кои некој упорно се обидува да ги сокрие под тепих. Без одолговлекување, директно во очи:

Септември 2024 година: Нафтата на светските берзи е 72,4 долари за барел. Доларот вреди 54,64 денари. Резултат? На македонските бензински пумпи дизелот се точи за 67 денари по литар.

Денес: Цената на нафтата е практично идентична – 72,12 долари за барел. Курсот на доларот е дури и паднат – 53,86 денари.

По секоја економска логика и пазарна законитост, дизелот денес требаше да биде под 67 денари. Но, што добиваат граѓаните? Најава за шокантни 82 денари по литар!

Како е можно при потполно исти берзански услови и уште поповолен курс на доларот, македонските граѓани да плаќаат 15 денари повеќе за секој еден литар дизел?

Ова не е пазарна економија. Ова е класичен, дрзок грабеж врз грбот на народот. Кој го прибира екстра профитот?

Првпат објавено на Facebook, 6.7.2026.

Следи нè на GoogleДодај го filippetrovski.mk како омилен извор и моите текстови ќе ти се прикажуваат први во вестите на Google.