ФПФилип Петровски

Како што можеше да се насети уште вечерта по фијаското на прославата за ПРОМЕНА НА ИМЕТО, која не беше воопшто подржана од народот, односно од МАКЕДОНЦИТЕ, веднаш се пристапи кон резервниот план. Тој резервен план се вика спојување на избори со референдум, оти само референдумот со 100 процента сигурност ќе пропаднеше и покрај можноста да се фалсификуваат 100-150 илјади гласови на Али Ахмети и слична олошана. Неговите изјави дека ќе доаѓа дијаспората беа громобран за ПОЛНЕЊЕ НА КУТИИТЕ ПО ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА. Не постои жива сила што може да провери дали некој од Швицарска бил на гласање или не, но секако олошааната ќе го дополни/пополни неговиот глас.

Но народот рече громогласно НЕ. И сите планови се срушија како кула од карти. Затоа веќе веднаш се активираше РЕЗЕРВНИОТ ПЛАН за избори со референдум. Така би се подигнала излезноста и со сигурност би се успеало со промената на името. И „случајно“ во исто време во „игранката“ се уфрли приказната за руските пари. Те Комити земале, те уште некои други, те имало истрага итн. Го проверив сајтот кој тоа го пласираше. И се разбира не се изненадив кога на самиот сајт видов дека се финансира од СОРОС и УСАИД. Пазете ова не инсинуирам и претпоставувам, самите си напишале на сајтот овие од ДИП СТЕЈТОВ што хара по светов… истите оние што запнале на брзина да ни го сменат името па ако може и да не се буниме сачувај боже да протестираме. Пред да кажам ШТО ДЕЛАЕТ уште само ова, ЈАС БЕВ НА ТОЈ ПРОТЕСТ. И сум горд што народот се побуни, секако и комитите. Се буневме и кренавме ПРОТИВ ПРОМЕНАТА НА ИМЕТО. Не гледам ништо нелогично во тоа и не знам проруско. Ама ќе отидам чекор понатака. Ако РУСИЈА или ПУТИН или не знам кој милијардер дава пари за да не се смени името на МАКЕДОНИЈА како е тоа КРИМИНАЛ? Па ја повикувам и КИНА и ИНДИЈА да даде пари (ако е точно дека се дадени пари) за да се брани УСТАВНОТО И ВЕКОВНОТО име на МАКЕДОНИЈА. Ма ако сака нека е и ТУНГУЗИЈА. Штом е на наша страна добредојдена е!!! Што има тука чудно бре??? Па соросоидите и комуњарите не земаа пари со вреќи? Од не знам каде се. Дури имаше муабети и за САУДИСКА АРАБИЈА… И сега пазете РУСИЈА дава пари. А бе дај боже не само пари туку и НУКЛЕАРНИ ПОДМОРНИЦИ да придодаде на БОРБАТА ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА ИМЕТО.

Но не е така. Се се ова приказни за мали деца. КРАДЕЦОТ ВИКА ДРЖИ ГО КРАДЕЦОТ (кој е крадецот мислам погоре јасно посочив).

Ефектот кој што треба да се постигне е да се создаде нов слој на страв. Стигматизација! Протестираш а? Е па ти си платеник на Русија. Толку просто е. Но народот не пие нафта АБДАЛИ! Сега се враќам на резервниот план. Тоа се предвремени избори. За нив плаче опозицијата. Поради две причини. Прво во техничка Влада да се вдомат најлојаните (читај сомнителни по удбашка линија и бизнис линија) и второ да се осигури улогата на ЗЛАТНА ЗАМЕНА на фотељите. Оти сега како тргнале работите не е баш сигурно дека членството на ВМРО е за промена на името и за членство во НАТО. Но, тоа на Мицковски не му е предност и карта за играње туку проблем при редовните посети на Кале. Оти таму игра со бројката дека е во контрола и дека за „заслужената награда“ ќе ги контролира овие „што врска немаат од висока политика“. Во таа насока или како показна вежба беше и мајскиот митинг во јуни. Па и овие прошетки низ тесни сокаци (каде што бај д веј одат исти неколку стотини луѓе). Е сега доаѓа тешкото. Ќе треба да ги изведе на гласање луѓето за да ќарат фотељи, а всушност да обезбедат ЦЕНЗУС на ДИП СТЕЈТ за промена на името.

Оти тик так што би рекол ЗаЈеф. До нова година ако не се примени „тоалетната хартија“ од Преспа, пропаѓа!!! Сега ВМРО мора да се дистанцира од ДИП СТЕЈТ, Бејли, Заев и од избори. А да се појави на барикадите. Ако се плашат од РУСИТЕ нека земат 140 знамиња, на сите држави што не признаа под уставното име и се разбира илјадници МАКЕДОНСКИ. Ровови брат. До последна капка крв. Па ќе видам кој ќе го смени името. И на крај ќе дојде и власт. Не се секирајте. Нека биде таа како ПОСЛЕДИЦА НА ЗАЧУВАНО УСТАВНО ИМЕ и НАГРАДА ОД МАКЕДОНСКИОТ НАРОД. Нека не биде тоа ОКТОРИРАЊЕ КАКО НА ЗАЕВ ОД ЛАБОРАТОРИИТЕ НА СВЕТСКИОТ ПОРЕДОК.

Бидејќи сме изложени на навидена медиумска блокада од контролираните медиуми на власта, а и оние на Мицковски останува да продолжиме да се САМОИНФОРМИРАМЕ вака, директно, автентично и од човек на човек. Пропаста на парадата на Шеќеринска и Заев со 40те разбојници (упс, „изведувачи“) докажа дека можеме и дека ќе го смениме она што многумина сметаа дека е завршена работа. Не е!

Допрва ќе ЅВОНИ МАКЕДОНСКАТА КАМБАНА. И ЌЕ ГИ РАЗБУДИ РОБОВИТЕ И ИЗМЕЌАРИТЕ НА ТУЃАТА МИСЛА И ЗБОР!

#ЖиваЕМакедонија #ТиСиМакедонија #БорбаДоКрај

Првпат објавено на Facebook, 16.7.2018.

Следи нè на GoogleДодај го filippetrovski.mk како омилен извор и моите текстови ќе ти се прикажуваат први во вестите на Google.