ФПФилип Петровски

Намалувањето на грамажата на чоколадите од 100 на 80 грама е дел од појавата наречена “shrinkflation” — комбинација од зборовите *shrink* (намалување) и *inflation* (инфлација).

Зошто производителите го прават тоа?

Маркетиншка стратегија

Многу потрошувачи се чувствителни на цени. Ако цената остане иста, но има малку помалку грама, тоа на прв поглед не се забележува — се купува „истата“ чоколада, но за помалку.

Компаниите понекогаш тврдат дека го прават тоа за „подобро здравје“ — но тоа ретко е главната причина.

Всушност ова е прикриено поскапување. Наместо да платиш повеќе пари за истото, добиваш помалку производ за истата цена — иако реално плаќаш повеќе “по грам”.

Првпат објавено на Facebook, 5.7.2025.

Следи нè на GoogleДодај го filippetrovski.mk како омилен извор и моите текстови ќе ти се прикажуваат први во вестите на Google.