ФПФилип Петровски

Наместо да прекине комуникација со хунтата и да го напушти парламентот нашиов влезе во замката на бесконечни договори, за да се договори за веќе договореното (самиот договор во Пржино беше донесен за понатамошна употреба на сите избори). Не е важно господа каква ќе биде техничката Влада и кој ќе седне како министер од “нашите”. Важно е да се спаси вековното име и честа и дигнитетот на нас – МАКЕДОНЦИТЕ. Ако дозволиме и понатака да не газат промената на името не е последната епизода, туку само меѓувреме пред цементирање на двојазичноста и потем барањата за кантонизација… но и тоа нема да е крај..

Да потсетам ВМРО нема обврска да биде на власт, туку да ги штити интересите на својот народ. Власта може да дојде само како последица на награда од истиот тој народ.

#НеЗаРеферендум #ДолуХунтата #НеБидетеГлупиДаВеВозат

Оти Заев сфати дека со референдум пропаѓа. Нашиов народ не пие нафта. Не ги купи лажгите. Да не биде сега лупингот сите се во Влада и нема виновник како во 2001. Се сеќавате нели! Овој филм сме го гледале.

Уште само да пренесам статус кој се шири по мрежите, а ја одразува позицијата на народот:

– СДСМ + ВМРО + ДУИ во заедничка влада.

Овци спремајте се за стрижење.

Првпат објавено на Facebook, 23.7.2018.

Следи нè на GoogleДодај го filippetrovski.mk како омилен извор и моите текстови ќе ти се прикажуваат први во вестите на Google.