Никогаш не сум реагирал на пропагандата и „лажните вести“ кои на интернет беа ширени за мене. Бев јавна личност и сметав дека е дел од демократското миље се што се пишува, иако се работеше во 95 проценти од случаевите за лажни вести.
Е сега ќе реагирам. И тоа жестоко. Порталот ГАЛАМА (сувикс кој не е МК, што не е случајно) објави лажна вест за мене. Не е точно ништо што е наведено во насловот. Ниту збор. Но ГАЛАМА ЗНААТ дека се регистрирани надвор од Македонија и поради тоа имаат имунитет од прогон во Македонија. Со оглед на тоа не ги стигаат домашните закони и мислат дека можат да пишуваат што сакаат за да МОНЕТИЗИРААТ ПРЕКУ ИНСТАНТ АРТИКЛС НА ФЕЈБУК.
Газдата на ГАЛАМА има 24 часа да ми се извини за лажната вест, истата да ја повлече или да направи исправка во насловот и текстот или ќе го продолжам овој статус со изнесување на други детали како работат порталите воопшто и неговите портали конкретно во Македонија кои монетизираат од ширење на лаги и држење во заблуда на граѓаните. Често со фатални последици (вести за здравјето).
Во видео настапот кај ДВИЖЕЊЕ БОЈКОТИРАМ ниту еднаш не спомнав дека сакам да стигнам до Груевски. Туку објаснив како стоеја работите во ВМРО во 2015 во време на ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА која деновиве и се случува и на АМЕРИКА. Сите кои сакаат да ја дознаат вистината нека го погледаат видеото од тој разговор кој што траеше скоро 2 ипол часа. Ни таму нити на никое друго место, НИКОГАШ не сум го бранел ГРУЕВСКИ туку ВМРО. А тоа е различно.
Да бидам јасен ако мислам дека треба да го бранам Груевски и ако мислам дека за нешто бил во право – ТОА ЌЕ ГО СТОРАМ.
Во случајов со насловот се работи за монетизација и тоа противзаконита за која што имам одговор. И предлог до државата како да се постапи. Но за тоа утре.
Што би рекле ШАРЕНИТЕ #тиктак
Првпат објавено на Facebook, 9.6.2020.