ФПФилип Петровски

Погледнете ја сликава подолу. Ова е понуда од маркет во Хрватска — пакет од две авокада за 1,39 евра. Тоа значи едно авокадо таму чини точно 0,70 евра (околу 43 денари).

Кај нас во Македонија? Истото тоа едно авокадо чини околу 1,60 евра (речиси 100 денари). Значи, кај нас е за дури 128% ПОСКАПО. За парите што овде ги даваме за едно, во Хрватска си купуваш повеќе од две.

Но, вистинскиот пораз не е само во сувата математика, туку во стандардот.

Со нивната минимална нето плата од околу 800 евра, еден хрватски работник може да купи над 1.100 авокада. Со нашиот македонски минималец од 423 евра (26.045 денари) и со овие наши напумпани цени, едвај се купуваат 260 парчиња.

И тука доаѓа најтажната вистина: додека во Европа ова е најобична секојдневна намирница достапна за секого, кај нас стана чист луксуз. Со вакви цени и вакви примања, најголемиот дел од народот во Македонија, кој се бори да го преживее месецот со основните сметки и лебот, не може да си приушти ниту ЕДНО ЕДИНСТВЕНО авокадо месечно за своите деца.

Живееме во парадокс каде платите ни се балкански, а цените по маркетите — повеќе од европски! 🇲🇰 Срамота.

Првпат објавено на Facebook, 28.6.2026.

Следи нè на GoogleДодај го filippetrovski.mk како омилен извор и моите текстови ќе ти се прикажуваат први во вестите на Google.