ФПФилип Петровски

Сега забележав дека ми е избришано видеото каде што не напаѓа полицијата со солзавец и примена на сила пред Собранието, а после потпишувањето на Грчкиот договор. Не сум ни имал нотификација од фејсбук за прекршување на било какво правило.

Богами се гледа дека е активна групата за сузбивање на неистомислениците и ширење на пропаганда од последната владина кула.

Само не ми е јасно што мислат дека ако го нема видеото народот ќе заборави? Дека луѓето што беа нападнати со отрови го немаат чувството на горчина во грлото? Дека мислат оти договорот е добар а не велепредавство?

Одсега ќе ги триплирам објавите на тема и триолирам мрежите на кои објавувам.

Не можете со сила да не зауставите.

#Бојкотирам

Првпат објавено на Facebook, 12.8.2018.

Следи нè на GoogleДодај го filippetrovski.mk како омилен извор и моите текстови ќе ти се прикажуваат први во вестите на Google.