Сеуште не можам да го исчистам горкиот вкус од устата по посетата на пратеникот Василевски. Манифестираната ароганција и самобендисаноста оставија доминантен впечаток и ми отворија многу дилеми!
Нема да навлегувам во тоа дали бил под дејство на наркоза, тоа е негов проблем. Но наш проблем е што за него ПРОМЕНАТА НА ИМЕТО, БРИШЕЊЕТО НА АСНОМ И ЗАПИШУВАЊЕТО НА РАМКОВНИОТ биле завршена работа.
Наместо да се засрами и да размисли каква вековна штета ни нанесува со НЕКОНТРОЛИРАНОТО однесување во парламентот и надвор од него тој како „дрогиран“ се смееше пред камерите.
Наместо да каже како секој чесен човек дека ова е работа која треба да се размисли и да се повлече скромно за да го изчита писанието зад кое стои огромен дел од народот, тој толкуваше кој од кој правец дошол. Па алудираше дека неговата позиција е усогласена со Запад. А бре Сашо. Ни ти ни Македонија не го интересира западот. Освен ако мислеше на Албанија, бидејќи на запад од Македонија е Албанија.
Твоите позиции за хомосексуалците, геј браковите и посвојувањето на деца од нив нема да ги коментирам. Твоја работа. Јас бев кај тебе да те молам да не го менуваш името и да не ја зацрнуваш Македонија.
Добро да си размислиш во што си влегол. И дали вреди да ги зацрниш сегашните и идните поколенија твои и сите наши со потегот кој се подготвуваш да го направиш.
Морам да констатирам за жал дека пред МАКЕДОНСКИОТ НАРОД не покажа ПОНИЗНОСТ И СКРОМНОСТ туку манифестираше празна ароганција и да знаеш дека е забележана и ќе ти ја памтат.
Единствено те „пере“ да се симнеш од терапија, да се освестиш и на време да застанеш во одбрана на името, народот, културата, посебноста и нашата историја.
Ќе ти цитирам зборови на Перикле за МРТВИТЕ БОРЦИ,а ти сам Сашо најдо го значењето: …Се разбира нам ни е вродено без мачно вежбање да ги совладуваме опасностите. На храброст нас не не принудуваат законите, туку храброста сама од себе во нас се раѓа.
Ние го сакаме убавото, но со вистинска умереност и ја сакаме мудроста, но без разнежнетост. Богатството ни е средство за работа, а не за празно фалење. Сиромашноста своја да се признае не е срам за никој, но срамно е да не се спротивставуваш на сиромашноста со работа…
…За најголеми јунаци, можат со право да се сметаат тие кои што многу добро ги познаваат и стравовите и лагодностите, но сепак не се сепнуваат пред опасностите…
…Со крупни зраци и непорекливи докази ние го засведочивме развојот на нашата снага (сила), така што ни се поклонува сегашноста, а ке ни се поклонуваат и сите наредни векови, и не ни требаат пофални песни од Хомер или пак било кој друг.
Со својот самопрегор си го расчистивме патот на сите земји и мориња и секаде поставивме споменици на нашите порази и на нашите победи…
За таква татковина, еве, тука, овие јунаци во херојски бој загинаа и не дозволија татковината никој да им ја одзеде, и затоа со право се очекува од овие што преживеаја дека исто како нив ке ги поднесат сите напори и опасности.
Со тоа што опширно говорам за нашата држава сакам да покажам дека ние се бориме за нешто сосема друго од оние другите кои што ги немаат нашите доблести.
Сакам да покажам дека ние ги славиме нашите јунаци, над чии што гробови сега стоиме. Тоа сега го правам со непобитни докази.
Вака јас одговорив на мојата задача!
Затоа што нашата држава, која што ја слави доблеста и храброста на овие јунаци ќе ги направи нив големи, и тешко дека било каква беседа може да ја опише нивната храброст.
Смртта на овие јунаци ја докажува нивната храброст и не е значајно дали прв пат им дошла таква сила или само повторно си ја потврдувале храброста своја.
Нивно право е (на овие јунаци) да дури и ако биле лоши, за добро да им се зема нивната храброст, покажана во војна за татковината. Со својата храброст, јунаштво тие го избришаа споменот за своите маани и тие на општото добро му допринесоа повеќе, отколку, како поединци што можеби наштетиле. Меѓу нив немаше ниту еден, кој што можеби одеше за богатство или со некаква надеж дека со тоа можеби ќе се ослободат од сиромаштијата, туку одеа кон опасноста.
Над се одмаздата над непријателот им беше помила, и смртта ја сметаа за најубав потфат. Неа и опасноста и со тоа се ова за нив беше најдобар потфат и тежнееја кон добро.
Неизвесноста ја претворија во надеж и гледајќи се самите себе си сметаа дека единствено во себе можат да веруваат.
И затоа што сакаа да се борат и загинат, попрво отколку да се спасуваат со повлекување, за себе обезбедија СПОМЕН ЗА СИТЕ ВРЕМИЊА.
ЈУНАЧКИ ИЗЛЕГОА НА МЕГДАН И ВО ЕДЕН КРАТОК И ПРЕСУДЕН МОМЕНТ НА ВРВОТ НА СВОЈАТА СЛАВА, БЕЗ ТРОШКА СТРАВ, ГО НАПУШТИЈА ОВОЈ СВЕТ.
Ете такви се покажаа овие јунаци, достојни на својата татковина.
На ова огледувајте се, и знаејќи дека среќата е во СЛОБОДАТА, а СЛОБОДАТА во ХРАБРОСТА, не подзастанувајте пред воените опасности.
Затоа што оние кои што бедно живеат, и без надеж за подобра иднина, немаат повеќе причини да ја загубат својата глава од тие што во својот живот можат да имаат промена со која што би загубиле најмногу. Та, гордиот човек повеќе го боли непријатноста до која ке дојде со својот кукавичлук, отколку СМРТТА, која стига во трен, без болка, а после јуначка борба и среде заедничка надеж.
И така, јас, како што треба, во својата беседа, го кажав она што мислев дека ќе користи.
На нашите загинати им оддадовме почести, а нивните деца одсега ќе ги воспитува државата на сопствен трошок, давајќи им така, како на наследници, победнички венец, како награда.
Каде што на доблеста и се даваат најголеми награди, таму никнуваат најдобри граѓани.
ПЕРИКЛЕ (399-329 г.п.н.е.)
п.с. Сашо заслужи ја почеста на сите идни генерации, наместо презир. Имаш време да размислиш. Победи го стравот, самозаљубеноста и надменоста. Како што кажа и Перикле СЛОБОДАТА Е ВО ХРАБРОСТА!!!
Првпат објавено на Facebook, 11.11.2018.