ФПФилип Петровски

до: Собранието на Република Македонија

Изјава, за отповик на сите делегирани

и пренесени права на застапување

Јас, Филип Петровски со адреса (таа и таа) и со (ембг) со денот на оваа изјава доставена до архивата на Собранието на РМ го повлекувам делегираното право и право на застапување, како и секое друго пренесено или изведено право на Собранието на РМ, како и на секој друг формално правен субјект, или неформален субјект, да:

1. преговара, договара, потпишува документ, изгласа или на било кој друг начин го менува, додава, или времено условува, било каква промена на уставното име Република Македонија или Македонија, за навек.

2. изгласа, промени, потпише или усвои промени од областа на употреба на јазиците во РМ, како и, од областа на теритроријалната организација реорганизација на РМ, без моја лична и писмена согласност, а без претходно валиден чист и регуларно изведен попис во РМ, најмалку 4 години по објавувањето на резултатите од истиот попис.

Сметам дека оваа изјава е доволно јасна за да произведе правно дејство веднаш, и останува на сила се до мој писмен отповик.

Д-р Филип Петровски, Скопје, 16.11.2017

Првпат објавено на Facebook, 16.11.2017.

Следи нè на GoogleДодај го filippetrovski.mk како омилен извор и моите текстови ќе ти се прикажуваат први во вестите на Google.