ФПФилип Петровски

Декласифицираниот документ на ЦИА открива нешто што многумина со години го негираа: спорот за името не бил само „дипломатски процес“, туку поле на сериозни геополитички притисоци и обиди за политички инжињеринг.

Кога разузнавачки документ говори за понуда од 100 милиони долари за промена на името во 1992 година, станува јасно дека ова прашање никогаш не било само правно или историско – туку и прашање на пари, интереси и влијание врз една мала држава.

Токму затоа се наметнува едно логично прашање: ако во 1992 година имало обид за „купување“ на името, дали некој три децении подоцна – во процесот што доведе до неговата промена во 2019 година – можеби навистина зел пари?

Ова не е политичка парола, туку прашање за сериозна истрага. Бидејќи меѓународното право е јасно: според Виенската конвенција за договорно право, договор склучен преку корупција на државни претставници е ништовен. Тоа значи дека правно се третира како никогаш да не постоел.

Затоа ова е правецот што македонските истражни органи мора да го проверат – без страв и без политички калкулации. Ако нема ништо, нека се расчисти еднаш засекогаш. Но ако се открие дека некој навистина го продал државниот интерес, тогаш тоа не е само политички скандал – туку основ за рушење на целиот договор.

Архивите понекогаш ја откриваат вистината со децении задоцнување. Прашањето е дали државата има храброст да ја побара.

#Македонија #Историја #Преспа #Геополитика #Корупција #Балкан #Политика

Првпат објавено на Facebook, 7.3.2026.

Следи нè на GoogleДодај го filippetrovski.mk како омилен извор и моите текстови ќе ти се прикажуваат први во вестите на Google.