ФПФилип Петровски

Време е Заев да си поднесе НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА, како што самиот ветуваше. Апелирам барем еднаш кај него да проработи совеста ако е тоа воопшто возможно.

Време е да се оди на избори оти овој парламент е целосно компромитиран (притоа мислам на пратениците и од лево и од десно). За иднината на оваа држава ни одлучуваат луѓе со кривични пријави, под уцена, со потпишане миници, со коцкарски долгови и без јасна моќ на расудување…

Ако си отидат на тој начин нема да има ПРОМЕНА НА УСТАВОТ.

Со тоа ќе се турне целосно во вода ГРЧКИОТ ДОГОВОР и ќе се започне нова фаза на преговори на рамноправна основа.

Време е овој народ да добие вистински првенци и борци за неговите интереси кои ќе бидат со него и за добро и за лошо. Кои ќе бидат со него кога ќе му требаат и нема да молчат при пеење на химната на АЛБАНИЈА. Нема да молчат при обиди за носење на закони кои задираат во сржта на МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА и ИДЕНТИТЕТ. Пратеници кои не се компромитирани. Кои имаат став, стас и глас и не се плашат да зборуваат!

Време е сите да си одите оти ништо добро не донесовте на никој.

Првпат објавено на Facebook, 1.10.2018.

Следи нè на GoogleДодај го filippetrovski.mk како омилен извор и моите текстови ќе ти се прикажуваат први во вестите на Google.