ФПФилип Петровски

ВТОР ДЕЛ НА РАЗОБЛИЧУВАЊЕТО НА СОРОСОИДИТЕ КОИ СЕ ПРЕТСТАВУВААТ КАКО ИСТАКНАТИ ВМРОВЦИ:

Кога ќе се прочита таканареченото обраќање на поранешни пратеници на ВМРО- ДПМНЕ, делува како тоа “обраќање“ да е пишувано во СОРОС или некоја организација, институт, центар кои се блиски до него. Но кога ќе се види дека тоа е поставено на порталот Либертас во сопственост на Ацо Кабранов “близок” пријател на Ерван Фуере, директно финансиран од Фондацијата отворено општество, станува јасно дека тоа е подготвено во соработка со целата соросова елита. Не само овие факти, туку и текстот во него јасно укажува дека се употребени истите зборови, што тие ги употребуваат со години за да и нанесат штета на Република Македонија во земјата и во светот, како и да ја разнебитат македонската нација.

Но да се вратиме на “поранешните пратеници.” Првопотпишаната Ратка Димитрова, била пратеник во првиот состав на Собранието. Во тој мандат никој не се сеќава што напрвила во интерес на партијата, уште помалку за државата. После тоа, не постојат податоци за нејзин ангажман во партијата, која е најзаслужна што воопшто е станала пратеник. Во меѓувреме, ретко кој следи дека нејзиниот син Никола Димитров, е примен во Министерство за надворешни работи во времето кога министер бил Љубомир Фрчкоски, а активноста на неговите родители во тоа време во партијата е многу притаена. По изборите, 1998 година Димитар Димитров сопругот на Ратка станува Министер за култура, а потоа Амбасадор на Република Македонија во Москва, додека синот во 2000 година станува заменик министер за надворешни работи назначен од партијата ВМРО- ДПМНЕ, па амбасадор во Вашингтон, па преговарач за името во Њу Јорк па Амбасадор во Хаг. Не му беше тешко да ги менува боите, кога треба да соработува со Бранко Црвенковски, иако сепак најголемите привилегии ги доби во времето на ВМРО- ДПМНЕ. Сега повторно е во “амстердамската тројка”, како најистакнат критичар на партијата од која тој и неговото семејство нјмногу добиле, а ништо не дале. Знае ли првопотпишаната на обраќањето дека има луѓе кои своите животи ги жртвувале за партијата, без да побараат ништо. Веројатно и таа како и нејзиниот син се научени цел живот да одработуваат за страната, од која што мислат дека ќе добијат нешто.

Второпотпишаниот Јордан Бошков е познат како вечен бунтовник во партијата, во која после мандатот на пратеник од 1998 до 2002 година, беше иницијатор на неколку конспирации за рушење на тогашното раководство и после две години целосно се деактивира. Додека беше во собранието постојано и правеше обструкции на својата партија(со целосно друго раководство), не гласаше за многу закони и други акти и на тој начин ја попречуваше во спроведувањето на политиката која требаше да ја реализира. За него се зборува дека е сериозно болен и веројатно дека е искористен за оваа намена. Секако и да е така, ова што го направил е срамота и секој не само тој треба да се запраша што направил за партијата, за да може да критикува на еден злобен начин, за кој секој Вмро- вец знае дека е не е својствен за неговото членство.

Третопотпишаната Ѓулистана Марковска никогаш не била истакнат член на партијата. Таа ја почнува својата политичка кариера во Куманово, каде уште како малолетна поради посебни заслуги била примена во Сојузот на комунистите во Република Македонија и била председател не членовите на Сојузот во гимназијата. По завршување на средно училиште, таа го продолжува своето членство во Сојузот на Комунистите- Општински комитет Куманово, каде што останува до 1990 година, кога Сојузот се дели на неколку партии, а таа се приклучува на Сојузот на Реформските сили на Југославија формиран од Анте Марковиќ, во Македонија предводен од Стојан Андов. На тој начин станува пратеник од таа партија во првиот собраниски мандат и директно работи на разнебитвањето на ВМРО- ДПМНЕ, која победи на првите избори, но подоцна со притисок врз дел од пратениците на победничката партија, токму реформските сили прават пресврт давајќи ги нивните гласови за владата на Бранко Црвенковски во 1992 година, а Стојан Андов станува Председател на Собранието на Република Македонија, благодарјчи на тоа. Да не биле соседи со Љубчо Георгиевски, во општествена зграда каде што им дале станови за време на првите мандати, таа никогаш не би се нашла на листатана пратеници во ВМРО- ДПМНЕ. Соседството е нејзината единствена заслуга. Во текот на нејзиниот мандат, таа со нејзиниот поранешен сопруг Веле, беа познати по најголем број на управни одбори и патувања во странство. Покрај тоа, добро упатените знаат дека таа енормно го зголеми својот приватен имот, во тој мандат, на што можат да и позавидат, најголм број на пратеници во сите состави на Собранието од осамостојувањето до денес. По завршувањето на мандатот, апсолутно завршуваат сите незини активности во партијата. Таа повеќе пати настапува во медиумите и јавно ја критикува владејачката парија, а не размислува дека некој ќе се сети за каква личност се работи

Четвртопотпишаниот Горан Зафировски е пратеник од првиот мандат. Се зборува дека татко му кој имал занаетчиски дуќан за крзно во стара чаршија ја спонзорирал партијата, па така се нашол на списокот за Пратеници.Тој учествува во расколот на ВМРО- ДПМНЕ, кога настануваат недоразбирањата со Владимир Голубовски. Тоа значи дека од 1992 година само и нанесува штета на партијата и не е активен член. Денеска и Голубовски е во владината коалиција, а тој сепак е против таа коалиција.

Останатите потпишани се обичен декор во обраќањето и најстарите членови не се сеќаваат на нив. Далеку од тоа некој да се сеќава дека нешто направиле во корист на партијата. Веројатно се дел од туѓа игра и одработувааат за нечии интереси за кои не се ни свесни.

Писмото воопшто не заслужува да се коментира. Затоа што, оваа влада направи повеќе за државата од сите други влади заедно. Добива девет изборни циклуси по ред, што значи дека е небулозно да се помисли за некакви притисоци. Ако потписниците на обраќањето имале, некави партиски активности, знаат дека сите функционери на партијата треба да разговараат со членството и да го подсетат да го даде својот глас за својата партија, која или го вработила или му помогнала на друг начин, нему или на член на неговото семејство. Притисоците, заканите и местењата на изборите беа карактеристични во деведесетите години. Поради тоа сега опозицијата има проблем да победи. Не испорача никакви резултати на граѓаните, туку се занимаваше само со валкани работи. Владејачката коалиција ги искорени сите проблеми што се правеа во тој период исега нема кршење на кутии, носење на оружје, агитирање на гласачките места. Дека денот на изборите поминува мирно и успешно потврдува и ОБСЕ во својот извештај.

Да не заборавиме владејачката коалиција повторно убедливо ќе победи на 23 Април 2016 година. Тогаш нема да може да се прават опструкции за рушење на државата. По изборите ќе дојде повторно до најголем раст на бруто производот на државата, кој во пролет ваквата опозиција го запре, а тоа ќе се случи поради исклучително извонредната програма на владата, поради странските инвестиции, поради вложувањата во градежништво, инфраструктура, енергетиката, обазованието, здравството и многу други области. Поради непосредниот контакт со граѓаните и решавање на нивните проблеми на терен.

На крај, членството на ВМРО- ДПМНЕ им порачува на потпицниците дека никогаш не било поединствено, дека знае за огромните напори што се прават за да и се нанесе штета на партијата и дека колку повеќе обиди се прават од такви членови, партијата станува се посилна и посилна.

Првпат објавено на Facebook, 7.9.2015.

Следи нè на GoogleДодај го filippetrovski.mk како омилен извор и моите текстови ќе ти се прикажуваат први во вестите на Google.