• НЕ ЗАБОРАВАМЕ •
На денешен ден пред точно 17години (23.07.2001) бранејќи ја Македонија загинува кај караулата Рибница Kичевчанецот нашиот сограѓанин МИЛЕ ГИНОСКИ (†42) во заседа од единица водена од поранешниот министер за одбрана и дезертер во АРМ, а сегашен нелетимен председател на собранието на РМ Таљат Џафери.
Синовите Ивица роден во 1985 и Николче во 1988 година не можат да ја утешат мајка си Менче во непроболот за својот домаќин Миле. И тие се повеќе го бараат татко си иако се свесни дека го загубија засекогаш. Тешко е нивното детство без татковата помош и љубов која ги исполнуваше.
Сакаат да ја знаат вистината и мотивот за трагедијата која силно ги погоди сите во семејството Гиноски, но посебно синовите кои беа таткова гордост и иднина. На студениот татков гроб, синовите се со својата мајка. Тие се нејзината утеха, надеж и иднина која е исполнета со големата празнина која останува без домаќинот во семејството Гиноски.
ВЕЧНА ТИ СЛАВА ЈУНАКУ!
Првпат објавено на Facebook, 23.7.2018.