Задгранични Комитети на ВМРО ДПМНЕ од ЕВРОПА
20.12.2017
Ја поддржуваме и поздравуваме иницијативата за одложување на Конгресот на ВМРО ДПМНЕ закажан за 22 и 23 декември во Валандово со цел потранспарентна процедура и избегнување на нелојална конкуренција.
Не би преудицирале кој би бил идниот Претседател на Партијата од причини што тоа ќе биде одлука на членовите на Партијата, односно новите делегати на Конгресот. Мораме да спомнеме дека во писмото се испуштени, случајно или намерно Задграничните комитети како активно тело на Партијата.
Бараме достојно вклучување на дијаспората во партиското живеење и зацврстување на врските со базата.
Факт е дека во последниов период Партијата не еволуираше доволно, барем не во позитивен и демократски правец. Сакале или не Пандориината кутија е отворена, а штом веќе е така да го искористиме новонастанатиот момент и да го зачуваме достоинството на нашата партија со демократски и легален избор на нашиот иден Претседател.
Како и меѓу целото членство и овде мораме да споменеме дека од причини, нејасни за повеќето членови и претседатели на задграничните комитети 3 претседатели се оградуваат од оваа иницијатива.
Имаме забелешки и околу закажувањето на наредниот Конгрес. Имено, два месеци е краток период за организирање, но долг кога се во прашање актуелните случувања во Р. Македонија, односно молскавичната брзина во распродажбата на државните интереси.
Ја поддржуваме и идејата за повеќечленно претседателство и укажуваме на потребата од измени на Статутот и Деловникот за работа на Партијата.
Бараме да се дадеме сите на работа со максимална посветеност за да се намали периодот на подготовки со цел одржување на Конгресот на крајот на јануари за да може Партијата да се консолидира за претстојниот тежок период што ни претстои, за одбраната на државните интереси.
Бараме секој кандидат да изготви кратка програма со потенцирање на основните прашања од државен но и партиски интерес:
1 Ставот околу законот за двојазичност;
2. Ставот околу наметнатиот проблем со името
3. Односите со меѓународната заедница и соседите
4. Начин на вклучување на членството во Македонија и зад границите во работата на партиските органи.
На сите оние кои се потсмеваат на бројот на делегатите сакаме да им укажеме дека во многу партии во Европа за која наголемо се труби во Македонија, во изборот на Претседател учествува целото членство во таканаречени Примарни избори.
Ги молиме потенцијалните кандидати како и целото членство да се оградат од лични навреди кон своите сопартијци и да покажат дека се достојни да го носат епитетот Член на ВМРО ДПМНЕ.
Посакуваме успешна работа на сите.
20 декември 2017
ЗК на ВМРО ДПМНЕ од ЕВРОПА
Првпат објавено на Facebook, 20.12.2017.