ФПФилип Петровски

Зошто не ме изненади дека Никола Тодоров ќе гласа за Северна (упатство за ботовите, прво читајте до крај па после крекајте)? Па просто е. Го има во разговорите. Кој знае уште што имаат за него, а не е објавено. Така што логично е да го “активираат” на дугме како и сите останати досега.

Меѓутоа жално е партијата какви луѓе и биле првенци. Главни фаци со години. Вицепремиери, дури беше кандидат и за Премиер место Никола… И сега, на првата кривина, кога нема државни бенефиции ги снема “јунаците”. Ај, ај ќе ви стане јасен превратот од Валандово. Само на некој порано, на некој подоцна.

п.с. во меѓувреме се поправил. Ќе гласал против. Но ќе гласа. Исто како Бунтур, Богданив, Кожувчанка… За цензус. Извинете ама го задржувам правото да имам различно мислење и да го изнесам јавно.

#Бојкотирам

Првпат објавено на Facebook, 17.9.2018.

Следи нè на GoogleДодај го filippetrovski.mk како омилен извор и моите текстови ќе ти се прикажуваат први во вестите на Google.