ФПФилип Петровски

Благодарам на УБАВИОТ НАРОД кој се спротивставува на ова гнасење кое што е организирано од надвор.

Здраво Филип.

Скриншатите кои се вклопени во една слика се дел од профилот на дизајнерката Ирина Тошева, која отворено дава поддршка на шарените. Маицата која ја носеше Шеќеринска на синоќешните протести е нејзин заеднички дизајн со Ване Костуранов, патем струмичанец. Оваа маица беше дел од минатата колекција, додека последната, како што може да видите, била поддржана од Министерството за Култура кое истата оваа Ирина сега го плука и го поддржува вандализмот врз него.

Уште една работа која е доста интересна е исмевањето со споменикот на Пере Тошев, за кој вели дека и е прадедо во еден пост, а потоа вели дека бил само учител(?). Јас колку што знам, Пере Тошев бил еден од основачите на ВМРО, додека Крум Тошев бил учител/универзитетски професор и ко-автор на првиот правопис во Македонија. Такашто, оваа или не си го знае сопственото потекло или сериозно ги измешала лековите. Дури и да и бил Пере Тошев некаков подалечен прадедо, наместо директен, мислам дека бескрајно би се срамел од неа што го носи неговото презиме затоа што тој умрел за организацијата и за Македонија, а таа го гнаси и плука се за што тој се борел.

Решив да Ви ги испратам овие скриншотови, бидејќи може да Ви се најдат, а убаво ќе е и народот да види од кого купува. Ова е исто како тој што зел 100000 евра грант за иновации, а после плукаше по полицијата…така и оваа со Министерството.

Првпат објавено на Facebook, 23.4.2016.

Следи нè на GoogleДодај го filippetrovski.mk како омилен извор и моите текстови ќе ти се прикажуваат први во вестите на Google.