Доцна е… многу доцна.
Со години гледавме како се разигрува правната фарса, а сега, кога конечно се потврди дека аболицијата била незаконска, веќе нема никакво значење. Делата се застарени, криминалците одамна се спасени и се смеат во лице на правдата, додека народот ја гледа сета оваа неказнивост и се иселува, барајќи чаре во туѓи земји.
Ова е само доказ дека политиката и криминалот одамна се сраснати во едно тело, во систем кој самиот себе се штити. Повеќе никој не верува во „правда“ – таа стана само збор на хартија, а цената на оваа „правна држава“ ја плаќаме со масовно иселување и празни улици. ⚖️🚫
Првпат објавено на Facebook, 23.6.2026.
Следи нè на GoogleДодај го filippetrovski.mk како омилен извор и моите текстови ќе ти се прикажуваат први во вестите на Google.