ФПФилип Петровски

Досега никогаш немам видено оперативци на амбасада да регулираат, односно контролираат сообраќај во центарот на Скопје. Наводно Амбасадорот (читај: ГУВЕРНЕРОТ) бил во Собранието. Обично кога има протести пред парламентот сообраќајот го блокираат кај Палома Бјанка. А сега беше блокиран дури кај Тифани и кај Јосип Броз. Зад сообраќајците стоеја оперативците у кафени панталони со многу џепови и радио станици, како контрола дали овие добро го блокираат сообраќајот.

Во оваа “пригода” се прашувам зошто се блокираат дупло поголем број на улици кога се работи за “наши стратешки партнери” кои само добро ни мислат?

Првпат објавено на Facebook, 27.6.2018.

Следи нè на GoogleДодај го filippetrovski.mk како омилен извор и моите текстови ќе ти се прикажуваат први во вестите на Google.