❗Државниот авион не е такси-служба на власта.
Од јуни 2024 до декември 2025 – околу 40 летови. Будимпешта – омилена дестинација. Рекордери – претседателката и министерот за транспорт. Премиерот „поскромен“, ама со празни графи за патници. И кај него, и кај претседателот на Собранието.
Кога листите на патници се празни, проблемот не е летот – проблемот е транспарентноста. Кога авионот оди на сервис во Германија, па „скокнува“ до Будимпешта да земе министер – тоа не е државна нужност, туку политичка удобност.
А сега слушаме дека ни треба нов, поголем и помодерен авион.
Пред да купите нов „лирџет“, купете доверба.
Објавете целосни податоци. Објаснете ја потребата од секој лет.
Зашто државата не е приватна агенција за летови на функционери. ✈️
Првпат објавено на Facebook, 16.2.2026.