ФПФилип Петровски

Излезе од печат монументално дело на над 1600 страници во 2 дела, од првиот том. Најавувам 5 тома или околу 7.000 страници оригинални сведоштва кои ќе бидат, сигурен сум, нови извори за нашата богата револуционерна борба за самостојност и ослободување.

Секој заљубеник во нашата историја во овие книги ќе најде нова инспирација затоа што низ нив зрачи борбата и непоколебливоста, а кога се работи за слободна и независна Македонија.

Ова се досега необјавени документи. Со тоа сметам дека Државниот архив на РМ си ја исполнува основната намена да приопштува документи за стручната и пошироката јавност. Очекувам допрва да се појавуваат студии, трудови и публицистика поврзана со ова непроценливо национално богатство.

Првпат објавено на Facebook, 3.5.2016.

Следи нè на GoogleДодај го filippetrovski.mk како омилен извор и моите текстови ќе ти се прикажуваат први во вестите на Google.