ФПФилип Петровски

Македонија не смее да биде „резервна дестинација“ за туѓите геополитички проблеми. Се почестите написи во британскиот печат, како оние во „Тајмс“ (The Times), кои посочуваат дека македонските власти се во преговори со Велика Британија за прифаќање на мигранти кои таа ги одбила, се крајно загрижувачки и опасни по националната безбедност.

Како општество, немаме ниту капацитети, ниту стабилност да се справиме со ваков предизвик. Искуствата на европските земји кои се соочуваат со овие процеси јасно покажуваат дека со миграторните бранови неизбежно се прелеваат и криминални структури, а со нив се отвора вратата за сериозни идеолошки и безбедносни ризици.

Безбедноста на граѓаните мора да биде врвен приоритет. Не смееме да дозволиме територијата на нашата држава да стане полигон за експерименти, особено кога постои реален ризик од радикализација и нарушување на јавниот ред.

Време е власта да покаже одговорност кон сопствениот народ и јавно да се произнесе за овие наводи пренесени од британските медиуми. Македонија треба да биде суверена држава која ги штити своите граници, а не прифатен центар за нечии туѓи политички одлуки.

#Македонија #Безбедност #Одговорност #СтопЗаНелегалнаМиграција

Првпат објавено на Facebook, 3.6.2026.

Следи нè на GoogleДодај го filippetrovski.mk како омилен извор и моите текстови ќе ти се прикажуваат први во вестите на Google.